YouVersion Logo
Search Icon

1 Летописи 29

29
Прилози за изградба на храмот
1 # 1 Цар 3,7; 2 Лет 13,7 Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, кого Сам Бог го избра, е млад и нежен, а работата е голема, зашто таа зграда нема да биде за човек, туку за Господ Бог. 2#Ис 54,11; Агеј 2,8; Езд 1,4; 6,5Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните предмети, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, ониксов камен и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер; 3#2 Лет 24,10; 31,3и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и среб­ро, и него го давам за домот на мојот Бог, покрај сето она, што сум го при­готвил за светиот дом: 4три илјади кикари злато, офирско злато, и седум илјади кикари чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите, 5#2 Мојс 25,2за сите златни предмети, за сите среб­рени и за сите изработки од уметнички раце. Нема ли уште некој доброволно да даде прилог денес за Господ?“ 6#2 Мојс 25,1-8; Езд 7,15; Неем; 7,70-71; 2 Лет 24,10Тогаш родоначалниците и начал­ниците на израелските племиња, илјадниците и стотниците и надзорниците на царските работи почнаа да донесуваат доброволни прилози. 7И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади кикари и десет илјади даријки злато, десет илјади кикари среб­ро, осумнаесет илјади кикари бакар и сто илјади кикари железо. 8#2 Мојс 35,27И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на до­мот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил. 9И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше.
Благодарноста на Давид кон Господ Бог
10Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Бла­гословен си, Господи Боже Израелов, отсекогаш и засекогаш! 11#Пс 24,8; 59,17; 89,11; Откр; 5,12-13Твое е, Господи, и величието, и си­лата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел. 12#Езд 7,27; 2 Лет 1,12Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ. 13И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име. 14#Пс 8,3; 144,3Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сѐ, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме; 15#1 Мојс 17,8; 23,4; Пс 39,11; Јов 7,6; 8,9зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема надеж. 16Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сѐ е Твое. 17#Ер 11,20; 17,10; Пс 11,1-5; 139,23Знам, Боже мој дека Ти го испи­туваш срцето и ја сакаш искреноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам дека и Твојот на­род, кој е собран тука, со радост жрт­вува за Тебе. 18Господи, Боже на Авраам, Исак и Израел, нашите предци, запази го тоа засекогаш, тоа расположение на срдеч­ните мисли во Твојот народ, и насочи го неговото срце кон Тебе. 19#Пс 72,1А на синот мој Соломон дај му чесно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите одредби и Твоите по­велби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум приготвил сѐ.“ 20А на целото собрание Давид му рече: „Благословете Го Господа, наши­от Бог!“ И целото собрание Го благо­слови Господа, Бог на предците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господ и на царот. 21#1 Цар 8,62На другиот ден Му принесоа жртва на Господ; Му принесоа сепаленици на Господ: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливите нивни, и многу жртви од сиот Израел. 22#1 Сам 2,35; 1 Цар 1,40Па јадеа и пиеја пред Господ во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломон, синот Дави­дов, за цар и го помазаа пред Господ за врховен владетел, а Садок – за свештеник. 23#5 Мојс 17,18И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татко си Давид и напредуваше, и сиот Израел му се покоруваше. 24#1 Цар 1,9И сите началници и војводи, како и сите синови на царот Давид му се покоруваа на царот Соломон. 25#1 Цар 3,12-14; 10,7; Ис.Н. 3,7; 2 Лет 1,1И Господ го издигна Соломон пред очите на сиот Израел и му дарува цар­ска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израелски.
Резиме на владеењето на царот Давид
26Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израел. 27#1 Мојс 23,19; 2 Сам 5,4-5; 1 Цар 2,11Тој царуваше над Израел чети­риесет години: во Хеврон царуваше се­дум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години. 28#1 Мојс 15,15; 1 Цар 2,12; Дела 13,36Потоа умре тој во честита и длабока старост, наситен од живот, богатство и слава; место него стана цар неговиот син Соломон. 29#1 Сам 9,9; 22,5; 2 Сам 7,2Делата на цар Давид, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самоил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад, 30како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израел и со сите земни царства.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in