YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи Вовед

Вовед
Втората книга Летописи се состои од два дела: (1) Владеењето на царот Соломон (1–9) и (2) Поделбата на земјата на две царства (Јудеја и Израел), владеењето на Соломоновите наследници, па сѐ до освојувањето на Ерусалим од страна на Навуходоносор и присилното иселување на народот во Вавилон (10–36).
Во оваа книга, како и во претходната, се опишуваат некои случки веќе спомнати во Книгите за царевите, но од поинакво гледиште. Народот на северното царство Израел, во овој период е прикажан како заблуден во грев и одметнат од Господ. Затоа, малку има детали за северното царство, а многу повеќе за јужното царство – Јудеја.
Меѓу побожните цареви на Јуда истакнати се Езекија и Јосија. Книгата понатаму кажува за разорувањето на Ерусалим и одведувањето на народот во ропство, во Вавилон. Книгата завршува со надеж за Евреите: персискиот цар Кир им дозволил да се вратат во Ерусалим и да го обноват храмот и земјата. Подетално за ова се говори во книгата Ездра.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in