YouVersion Logo
Search Icon

1 Летописи 28

28
Давид дава упатства за изградба на храм
1Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, начал­ници на племињата, началници на од­делите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и надзорниците над сите имоти и стада на царот, и на неговите синови, дворјаните, јунаците и сите храбри воини. 2#1 Сам 10,7; 2 Сам 7,1-17; Ис 60,13; Пс 99,5; 132,7; 2 Лет 6,41И стана цар Давид на нозе, па рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на ковчегот на заветот Госпо­дов, за подножјето на нозете на нашиот Бог, и го подготвив потребното за градење. 3#2 Сам 7,5Но Бог ми рече: ‚Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘ 4#1 Мојс 49,10; 4 Мојс 24,17-19; 2 Лет 6,6Меѓутоа, Господ, Бог Израелов, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израел; зашто Тој го избра Јуда за водач, а од домот на Јуда – домот на татко ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израел; 5#2 Сам 12,24а од сите мои синови, – зашто Господ ми даде многу синови, – Тој го избра синот мој Соломон да седи врз прес­толот на Господовото царство над Израел, 6#2 Сам 7,14; 1 Цар 8,20и ми рече: ‚Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум си го избрал за син, и ќе му бидам татко; 7и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘ 8#5 Мојс 4,1; 6,1И сега пред очите на сиот Израел, собранието Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господ, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по вас во наследство на децата свои засекогаш. 9#1 Сам 2,3; Пс 7,8; 2 Лет 6,30И ти, сине Соломоне, познај Го Бога на твојот татко, и служи Му од сѐ срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите мисли и намери. Ако Го бараш, ќе Го најдеш; ако Го оставиш, Тој ќе те отфрли засекогаш. 10Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биди храбар и работи.“ 11#1 Цар 6#2 Мојс 25,9; Дела 7,44; Евр 8,5Тогаш Давид му даде на синот свој Соломон нацрт за тремот од храмот и за зградите негови, за ризниците него­ви, за горните соби негови и внатреш­ните соби негови и за Светињата над светињите, 12и нацрт за сѐ, што беше смислил, за дворовите на домот Господов, за сите одделенија наоколу, за риз­ниците на Божјиот дом и за ризни­ците на посвете­ните предмети, 13#23–26за свештеничките и левитските од­деленија, за секаква работа при служ­бата во домот Господов, за сите садови употребувани за служба во домот Гос­подов, 14#1 Цар 7,40-50за златните предмети, со ознака на тежината, за секој сад, за сите сребрени предмети, со ознака на тежи­ната на секој сад – потребен за служба. 15#2 Мојс 25,31И даде злато за светилниците и за златните им кандилца, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговото кандилце, исто така и за сребрените светилници, означувајќи ја тежи­ната на секој светилник и неговите кандилца, според намената во слу­жењето на секој светилник; 16#2 Мојс 25,23даде злато за трпезите на приносните лебови, за секоја златна трпеза, и сребро за сребрените трпези, 17#2 Мојс 27,3за виљушки, котли и чаши од чисто злато, за златните чинии, со означување на тежината на секоја чинија, за среб­рени чинии, со ознака на тежината на секоја чинија; 18#2 Мојс 25,20.22; 1 Цар 6,23-28за кадилниот жртвеник од леано злато, со ознака на тежината, и за правење кола со златни херувими, со раширени крилја и надвиснати над ковчегот на заветот Господов. 19#2 Мојс 25,9„Сето тоа е пишано од Господ“, велеше Давид, „Како што ми ги објасни сите работи на планот.“ 20#5 Мојс 31,6; Ис.Н. 24,20; Агеј 2,4И му кажа Давид на синот свој Соломон: „Биди цврст и храбар и зафати се за работа; не плаши се и не страхувај, зашто Господ, мојот Бог, е со тебе: Тој нема да отстапи од тебе и нема да те остави, додека не ја свршиш целата потребна работа за домот Господов. 21#2 Мојс 35,25–36,5Еве ги одделите на свештениците и левитите за секоја служба при Божјиот дом. За секоја работа имаш ревносни мажи, искусни за секоја работа, и на­чалниците и сиот народ се подготвени за сите твои заповеди.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in