Лука 19

19
Исус и Закхеј
1 # Мк 10,46 Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. 2#Мт 5,46И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, 3#9,9настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. 4Затоа потрча напред и се качи на ед­на дива смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. 5Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес тре­ба да бидам во твојот дом.“ 6И тој веднаш слезе и Го прими со радост. 7#15,2; 2 Мојс 15,24; 16,2; Мт 20,11; 1 Кор 10,10И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде да гостува кај грешен чо­век.“ 8#2 Мојс 22,1; 3 Мојс 6,2-5; 4 Мојс 5,6-7; 2 Цар 12,6; Изреки 6,31А Закхеј застана и Му рече на Гос­под: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако некого сум оштетил, четворно ќе вратам.“ 9#2,11; 3,8; Дела 16,31.34; Рим 4,16; Гал 3,7.29А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Авраамов. 10#15,6.9.24.32; Ез 34,16 Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е за­гу­бе­но.“
Парабола за доверените златници
(Мт 25,14-30)
11 # 2,38; 9,27.51; 18,31 А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека веднаш ќе се појави царството Божјо, 12#Мк 13,34па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. 13Тогаш ги повика своите десет слу­ги, им даде десет мини и им рече: ‚Тр­гу­вајте со нив, додека да се вратам!‘ 14#Пс 2,2; Јн 19,15.21Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘ 15А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал пари­те, за да види, кој колку спечалил. 16Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ 17#16,10И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ 18Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ 19А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘ 20И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував заврзана в кр­па, 21зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘ 22А тој му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум строг човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел; 23тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘ 24#20,16Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘ 25И му рекоа: ‚Господаре, тој има де­сет мни!‘ 26#Мт 13,12; Мк 4,25Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има. 27#Пс 2,9А оние мои непријатели, што не са­каат да царувам над нив, доведете ги ту­ка и погубете ги пред мене!“
Исусовото свечено влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Мк 11,1; Јн 12,12-19)
28 # 9,51; 13,22 Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим. 29#Мт 21,17И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Масли­но­ва Гора, испрати два ученика, 30велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! 31И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господа.‘“ 32#22,13Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. 33И кога го одврзуваа магарето, сто­паните негови им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“ 34#7,13Тие одговорија: „Потребно Му е на Господа.“ 35#Зах 9,9-10И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи. 36#4 Цар 9,13И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот. 37#2,20; 3 Цар 1,38.40А кога наближи до подножјето од Маслиновата Гора#19,37 Елеонска Гора, сето мноштво уче­ници почна, радувајќи се, громогласно да Го прославува Бога, за сите чуда што ги видоа, 38#2,14; Пс 117,26; 147,1велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на не­бо­то и слава во висините!“ 39#Мт 21,15-16А некои фарисеи од народот Му ре­коа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ 40#Авак 2,11Но Тој им одговори и рече: „Ви ве­лам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
Исус плаче за Ерусалим
41 # Јн 11,35 А кога се приближи и го виде гра­дот, заплака над него 42#8,10; 13,34-35; 5 Мојс 32,29; Ис 6,9-10; Мт 13,14; Рим 11,8-10и рече: „Кога би можел во овој твој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи. 43#21,20-24; Ер 6,6; Ез 4,2Зашто ќе дојдат денови за тебе и не­пријателите твои ќе те опкружат со ро­вови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни; 44#1,68; 12,54-56; 21,6; 23,28-31; Пс 136,9; Мт 24,2; 1 Птр 2,12и ќе те разорат тебе и децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше по­се­тен.“
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Мк 11,15-19; Јн 2,13-22)
45И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него, 46#3 Цар 8,30-40; Ис 56,7; Ер 7,11велејќи им: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“ 47#6,11; 21,37; Мт 12,14; 26,55; Јн 5,18; 18,20И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат, 48#20,19; 21,38но не пронајдоа како да Му го на­прават тоа, зашто сиот народ Го слу­ша­ше со големо внимание.

Okuqokiwe okwamanje:

Лука 19: MK2006D

Qhakambisa

Dlulisela

Kopisha

None

Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume