Лука 18

18
Парабола за вдовицата и судијата
1 # 11,9; Сир 18,22; Рим 12,12; Гал 6,9; Кол 4,2; 1 Сол 5,17; 2 Сол 3,13 Им кажа и една парабола како треба секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. 2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. 3Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заштити ме од мојот противник!‘ 4#12,5Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам, 5#11,8но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ 6И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! 7#Сир 35,17.19; Рим 8,33; Кол 3,12; 2 Тим 2,10; 2 Птр 3,9; Откр 6,10-11Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­ите избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави? 8#Мт 8,20; Мт 24,10-12; 2 Сол 2,3Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
Парабола за фарисејот и цариникот
9 # 5,32; 15,7; 16,15; Мт 6,1; 23,28 А на оние што беа уверени за себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10„Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; грабливци, несправедливи, прељубници, или ка­ко овој цариник. 12#5,33; 11,42; 1 Мојс 14,20; 28,22; Мт 23,23Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ 13#23,48; Пс 50,2; 77,38А цариникот стоеше одда­леку; не смееше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘ 14#Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“
Исус ги благословува малите деца
(Мт 19,13-15; Мк 10,13-16)
15 # 9,47 Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. 16Но тогаш Исус ги повика и им ре­че: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене, и не ги спречувајте, зашто на таквите е царството Божјо! 17#10,21; Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам: кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
Богатиот човек
(Мт 19,16-30; Мк 10,17-31)
18 # 10,25 И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ 19А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20#2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9; Јк 2,11 Ги знаеш заповедите: не прави пре­љу­ба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“ 21А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од младоста своја.“ 22#5,11; 12,33; Сир 29,11; Мт 6,20; Дела 2,45; Кол 3,1-2Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ 23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. 24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат бо­гатство! 25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 26Оние што го чуја тоа, рекоа: „То­гаш кој може да се спаси?“ 27#1,37; 1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Јов 42,2; Мк 14,36А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“ 28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“ 29#14,26Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој којшто оставил куќа или ро­ди­тели, или браќа, или сестри, или же­на, или деца, заради царството Божјо, 30#20,34-35; Мт 12,32А да не добил многу повеќе од тоа во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“
Исус по третпат ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мт 20,17-19; Мк 10,32-34)
31 # Мт 8,20; Дела 3,18 И кога ги зеде со Себе Дванаесет­мината, им рече: „Еве, се искачуваме кон Еру­салим и сѐ ќе се исполни, што напи­шале проро­ци­те за Синот Човечки: 32#9,22.44-45; 17,25дека ќе биде предаден на незна­бош­ци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го из­ма­чуваат и ќе Го плукаат, 33ќе Го бијат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ 34#9,45; Мк 9,32Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа.
Прогледувањето на слепиот
(Мт 20,29-34; Мк 10,46-52)
35А додека се приближуваше Тој до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и просеше; 36и штом чу дека покрај него минува народ, се распрашуваше: „Што е тоа?“ 37#Мт 2,23; Дела 2,22; 22,8Му кажаа дека минува Исус од Назарет. 38#Мт 1,1; 9,27Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ 39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога му пријде, го праша, 41велејќи: „Што сакаш да ти на­пра­вам?“ Тој рече: „Господи, да про­гле­дам!“ 42#7,50; 17,19Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.“ 43#2,20; 19,37И одеднаш прогледа и тргна по Не­го, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

Okuqokiwe okwamanje:

Лука 18: MK2006D

Qhakambisa

Dlulisela

Kopisha

None

Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume