Битие 7

7
Ное влегува во ковчегот
1 # Мудр 10,4; 1 Птр 3,20; 2 Птр 2,5 И му рече Господ на Ное: „Влезете во ковчегот ти и целото твое семеј­ство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род, 2#5 Мојс 14и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од нечистите животни – по две, машки пол и женски пол; 3исто така и од небеските птици (чисти) по седум, од машки и од женски пол, (и од сите нечисти птици по две, од машки и од женски пол) за да им се зачува родот нивни по целата земја. 4Зашто по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива чети­риесет дена и четириесет ноќи, и ќе го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал.“ 5И Ное направи сѐ што му заповеда Господ.
Големиот потоп
6А Ное имаше шестотини години ко­га се случи потопот на земјата. 7И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради водениот потоп. 8И од чистите и од нечистите животни, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата, 9влегоа кај Ное во ковчегот по две, машко и женско, како што Бог му запо­веда на Ное. 10А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата. 11#Ис 24,18; Пс 77,15-16; 103,6-9; Јов 12,15; 2 Птр 3,6Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец од таа година, седумнаесеттиот ден од месецот, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески; 12и се лиеше дожд на земјата чети­риесет дена и четириесет ноќи. 13Во истиот ден во ковчегот влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив. 14Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадинки, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, сите птици и сѐ што има крилја, 15влегоа во ковчегот кај Ное по две единки (од машки и женски пол) од се­кое суштество, во кое имаше животен дух; 16и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секое суштество, како што му беше заповедал Бог. Потоа Господ го затвори (ковчегот) однадвор. 17Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; 18водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, а ковчегот пло­веше по површината на водата. 19И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; 20петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. 21Тогаш го изгуби животот секое суштество, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; 22сѐ, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. 23#Ез 14,14И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот. 24А водата беше над земјата сто и педесет дена.

Àwon tá yàn lọ́wọ́lọ́wọ́ báyìí:

Битие 7: MK2006D

Ìsàmì-sí

Pín

Daako

None

Ṣé o fẹ́ fi àwọn ohun pàtàkì pamọ́ sórí gbogbo àwọn ẹ̀rọ rẹ? Wọlé pẹ̀lú àkántì tuntun tàbí wọlé pẹ̀lú àkántì tí tẹ́lẹ̀