Марко 7
7
ГЛАВА 7
1Се собраа при Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно, со неизмиени раце, ги укорија.
3Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат: миење на чаши, чинии, котли и столови.
(Зачало 28)
5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа:#Вторник од 16-та седмица по Педесетница: Во она време, Го прашаа Исуса: – Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?
6А Он им одговори и рече: – Добро пророкувал Исаија за вас, лицемерите, како што е напишано: „овој народ со уста Ме почитува, а со срцето негово стои далеку од Мене;
7ама напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби“.
8Зашто вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите човечкото предание: миење на чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.
Крај на понеделникот
9И им рече: – Се осмелувате да ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
10Бидејќи Мојсеј рече: „Почитувај ги татка си и мајка си“, и „кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни“!
11А вие велите: – Ако некој му рече на татка си или на мајка си: корван, односно, ветено на Бога е она, со кое би се ползувал ти од мене,
12и таков не оставате веќе да направи ништо за својот татко или за својата мајка,
13престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; и многу такви слични работи правите.
(Зачало 29)
14И кога го повика#Среда од 16-та седмица по Педесетница: Во она време, кога го повика Исус сиот на род, им рече: – Слушајте Ме сите и разберете:
15Ништо, коешто влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; но, она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на вторникот
17И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
18А Он им рече: – Зар и вие сте така неразумни? Не разбирате ли, дека ништо, коешто влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?
19Оти, тоа, не му влегува во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.
20И уште им рече: – Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21Бидејќи однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
23Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.
(Зачало 30)
24И откако стана оттаму, отиде во#Четврток од 16-та седмица по Педесетница: Во она време, премина Исус во пределите тирски и сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го узнае; ама не можеше да се сокрие.
25Зашто чу за Него една жена, чијашто ќерка имаше нечист дух, па откако дојде, падна пред нозете Негови;
26а таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ.
27Но, Исус ѝ рече: – Остави најнапред да се наситат децата; зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.
28А таа одговори и Му рече: – Да, Господи, ама и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.
29И ѝ рече: – За тој збор, оди си! Бесот излезе од ќерка ти.
30И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а бесот беше излегол.
Крај на четвртокот
(Зачало 31)
31И пак излезе Исус#Сабота четврта од Вел. пост: Во она време, излезе Исус од пределите тирски и сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десетградието.
32И доведоа при Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи на него рака.
33Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши и, кога плукна, се допре до неговиот јазик;
34па штом погледна кон небото, воздивна и му рече: – Ефата! – што значи: отвори се!
35И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36И им заповеда никому да не кажуваат. Но, колку Он им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.
37И прекумерно се чудеа и велеа: – Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат.
موجودہ انتخاب:
Марко 7: MK2008
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008