YouVersion Logo
تلاش

Марко 6

6
ГЛАВА 6
(Зачало 22)
1Па излезе оттаму и дојде#Вторник, од 15-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во татковината Своја; а по Него одеа и учениците Негови.
Крај на петокот
2И кога дојде саботата, Он почна да поучува во синагогата; и мнозина што слушаа, се чудеа и говореа: – Откаде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце?
3Не е ли Он дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јакова, Јосија, Јуда и Симона? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови? И се соблазнија заради Него.
4А Исус им рече: – Нема пророк без чест, освен во земјата своја, меѓу роднините и во својот дом.
5И не можеше таму да изврши никакво чудо; освен што малку болни излечи, полагајќи ги рацете врз нив.
6И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
(Зачало 23)
7И ги повика#Среда од 15-та седмица по Педесетница: Во она време, ги повика Исус дванаесетте, и почна да ги испраќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
Крај на вторникот
8Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап: ни торба, ни леб, ниту пари во појасот,
9но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10И им рече: – Ако влезете негде во куќа, останете во неа, додека не си отидете оттаму.
11А, ако некои не ве при мат, ниту ве послушаат, штом ќе излезете оттаму, истресете го правот од нозете свои, – ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во Судниот ден, отколку на тој град.
12Тие појдоа и проповедаа покајание;
13и изгонуваа многу бесови, и помазуваа со елеј мнозина болни, и лекуваа.
Крај на средата
(Зачало 24)
14И царот Ирод разбра#На 29-ти август, на Отсекување на главата на св. Јован Крстител, на литургијата: Во она време, цар Ирод разбра за Исуса, оти името Негово беше прочуено, па рече: – Јован Крстителот воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.
15Едни велеа: – Илија е; а други: – пророк е, или како еден од пророците.
16А Ирод, штом чу, рече: – Тоа е Јован, кому јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите.
17Зашто самиот Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филипа, оти се ожени со неа.
18Бидејќи Јован му велеше на Ирода: – Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат.
19А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека тој човек е праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
21И настана погоден ден, кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски;
22и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирода. Тогаш ѝ рече царот на девојката: – Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам.
23И ѝ се заколна: – Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.
24А таа излезе и ја праша мајка си: – Што да побарам? Таа одговори: – Главата на Јована Крстителот.
25И одеднаш, кога со брзање влезе кај царот, помоли, говорејќи: – Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јована Крстителот!
26Царот се загрижи, но заради заклетвата и гостите свои, не сакаше да откаже.
27И веднаш, кога испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ја предаде на девојката, а девојката ѝ ја даде на мајка си.
29Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа, го зедоа телото негово и го погребаа.
(Зачало 25)
30И се собраа#Четврток од 15-та седмица по Педесетница: Во она време, се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за сѐ, – и што направиле, и на што поучувале.
Крај на Отсекување
31А Он им рече: – Дојдете сами во осамено место и одморете се малку. Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат.
32И отидоа со кораб сами во осамено место.
33И ги виде народот дека си одат; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови одеа таму; ги престигнаа и се собраа при Него.
34А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува на нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу.
35И, бидејќи времето веќе одмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: – Овде местото е пусто, а и доцна е;
36распушти ги, за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, оти немаат што да јадат.
37Он им одговори и рече: – Дајте им вие да јадат! А тие Му рекоа: – Да отидеме ли и да купиме за двесте пенези леб, па да им дадеме да јадат?
38А Он ги праша: – Колку лебови имате? Отидете и видете! И кога видоа, рекоа: – Пет леба и две риби.
39Тогаш Исус им рече да поседнат во групи, по зелената трева.
40И поседнаа на редици, – по сто и по педесет.
41Он ги зеде петте леба и двете риби, па откако погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така ги раздели и двете риби на сите.
42И јадоа сите и се наситија.
43И кренаа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
44А оние што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
(Зачало 26)
45И веднаш ги натера#Петок од 15-та седмица по Педесетница: Во она време, ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него, на другата страна, кон Витсаида, додека Он го распушти народот.
Крај на четвртокот
46И штом се оддели од нив, отиде во гората за да се помоли.
47Приквечер, коработ беше среде морето, а Он сам на суво.
48И ги виде како се мачат при пловењето, оти ветерот им беше противен; а околу четвртата стража преку ноќта, се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив.
49А тие, штом Го видоа како оди по морето, помислија дека тоа е привидение, па извикаа;
50бидејќи сите Го видоа и се уплашија. Он веднаш почна да говори со нив и им рече: – Не плашете се! Јас сум, не бојте се!
51И влезе при нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе;
52затоа што не се вразумија со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53И кога преминаа, дојдоа во земјата генисаретска и се запреа таму.
Крај на петокот
(Зачало 27)
54И штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55Брзо#Понеделник од 16-та седмица по Педесетница: Во она време, штом излезе Исус од коработ, Го познаа луѓето од земјата генисаретска и брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека се наоѓа Он.
56И каде и да влегуваше, во села, во градови или населби, на раскрсниците полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до крајот на облеката Негова; и сите што се допираа до Него, се спасуваа.

موجودہ انتخاب:

Марко 6: MK2008

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in