Псалми 14
14
ПСАЛМ 14
Кој е достоен да стои пред Бога?
1 #
23,3-6; Ис 33,14-16 Псалм на Давид.
Господи, кој ќе престојува во шаторот Твој?
Или кој ќе се насели на Твојата света гора?
2 #
118,1; Ез 18,5-9 Оној што оди непорочно и врши правда,
што говори вистина во срцето свое.
3Оној што не клевети со јазикот свој
и на ближниот свој не му направи зло
и не прифати прекор за своите најблиски.
4Ништожен пред него е тој што прави зло,
а оние што се бојат од Господа ги прославува;
тој му се колне на ближниот свој и не се одрекува.
5 #
15,8; 29,6; 2 Мојс 22,24; 22,8; 5 Мојс 16,19; 27,25 Своето сребро не го дава под лихва,
ниту прима поткуп против невиниот.
Оној што прави така,
нема да се поколеба довека.
Поточний вибір:
Псалми 14: MAK2024PS
Позначайте
Поділитись
Копіювати

Хочете, щоб ваші позначення зберігалися на всіх ваших пристроях? Зареєструйтеся або увійдіть
Македонско библиско здружение 2024