Битие 11
11
Градење кула во Вавилон. Збрка во јазиците. Список на родовите од Сима до Аврама.
1По целата земја имаше еден јазик и еден говор.
2А кога отидоа од исток, најдоа рамнина во земјата Сенарска, та се населија таму.
3И си рекоа муѓе себе: »Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!« И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар.
4Потоа рекоа: »Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!«
5Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки.
6И рече Господ: »Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, но еве што почнале да прават; и нема да се откажат да го направат тоа, што го наумиле.
7Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!«
8И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата.
9Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.
10Ова е родословот Симов: Сим имаше сто години кога го роди Арфаксада, две години по потопот.
11И откако го роди Арфаксада, поживе Сим петстотини години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
12А Арфаксад поживе сто триесет и пет години и го роди Сала.
13По раѓањето, пак, на Сала, Арфаксад поживе четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
14Сала поживе сто триесет години и го роди Евера.
15А, откако го роди Евера, Сала поживе четиристотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки.
16Евер поживе сто триесет и четири години, и го роди Фалека.
17По раѓањето на Фалека, Евер поживе четиристотини и седумдесет години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
18А Фалек поживе сто и триесет години и го роди Рагава.
19А, откако го роди Рагава, Фалек поживе двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
20Рагав поживе сто и триесет и две години и го роди Серуха;
21а откако го роди Серуха, Рагав поживе двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
22Серух поживе сто и триесет години и го роди Нахора;
23По раѓањето на Нахора, Серух поживе двесте години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
24Нахор, пак, поживе седумдесет и девет години и го роди Тара;
25но штом го роди Тара, Нахор поживе сто и деветнаесет години, раѓајќи синови и ќерки, и умре.
26Тара поживе седумдесет години и го роди Аврама, Нахора и Арана.
27А еве го родословот на Тара: Тара го роди Аврама, Нахора и Арана; а Аран го роди Лота.
28И Аран умре пред таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски.
29А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сара, а на жената Нахорова името ѝ беше Мелха, ќерка на Арана, татко на Мелха и Есха.
30Сара беше неплодна и немаше пород.
31И го зеде Тара синот свој, Аврама, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сара, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата Хананска; и дојдоа до Харан, каде што се и населија.
32И поживе Тара сѐ на сѐ двесте и пет години; и умре Тара во Харан.
Поточний вибір:
Битие 11: MK1990
Позначайте
Поділитись
Копіювати
Хочете, щоб ваші позначення зберігалися на всіх ваших пристроях? Зареєструйтеся або увійдіть
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016