Јован 12

12
Помазанието Исусово во Витанија
(Мт 26,6-13; Мк 14,3-9)
1 # 11,1.43-44 На шест дена пред Пасха, дојде Исус во Витанија, каде што бе­ше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. 2#11,2; Лк 10,40Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата. 3#Лк 7,37-38Тогаш Марија, земајќи литар чисто, скапоце­но миро, ги помаза Ису­совите нозе и со својата коса ги избриша Неговите нозе­; и куќата се исполни со мирис од мирото. 4#6,71; Мт 10,4А еден од Неговите ученици, Јуда Си­монов Искариотски, којшто сакаше да Го пре­даде, рече: 5#6,7; Мт 19,21„Зошто мирово не се продаде за триста денарии, та да се раздадеше на сиромаси?“ 6#Лк 8,3Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него. 7#19,40А Исус рече: „Оставете ја! Таа го чувала тоа за денот на Мојот погреб. 8#5 Мојс 15,11Сиромасите секогаш ги имате со себе, а Мене Ме немате секогаш.“
Заговор и против Лазар
9Тогаш големо мноштво од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. 10#Мк 14,1А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, 11зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исус.
Свеченото влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-12; Мк 11,1-11; Лк 19,28-40)
12Утредента мноштво луѓе, кои беа дошле на празникот, штом чуја де­ка Исус доаѓа во Ерусалим, 13#6,14-15; 18,33.37.39; 19,3-21; Соф 3,15; Пс 117,25.26зедоа палмови гранчиња, и Му излегоа во пресрет, извикувајќи: „Оса­на!#12,13 На еврејски Хошиана Спаси нѐ! – месијански восклик. Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“ 14А Исус, наоѓајќи младо магаре, седна на него, како што е напишано: 15#Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко Сионова! Еве, твојот Цар доаѓа, седејќи на прле.“ 16#2,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но на почетокот Неговите ученици не го раз­браа ова. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тоа Му го направија. 17#11,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го вос­кресна од мртвите, сведочеше. 18Затоа и народот Го пречека, зашто беа чуле дека Тој го направи тоа чудо. 19#3,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
Некои Елини Го бараат Исуса
20 # Дела 10,2 Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини. 21#1,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, ве­лејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“ 22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус. 23#11,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Чо­вечки. 24#Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако пченичното зрно, што паднало на земја, не умре – останува само; а ако умре – многу род носи. 25#Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Оној што го сака својот живот, ќе го загуби; а оној што го мрази својот живот на овој свет, ќе го запази за вечен живот. 26#14,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Ако некој Ми служи Мене, нека врви по Мене; и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот служител. И ако некој Ми служи Мене, него ќе го почитува Отецот.
Исус говори за Својата смрт
27 # 11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 41,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но заради тоа дојдов во овој час. 28#13,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го Своето име!“ То­гаш дојде глас од небото: „Го прославив, и пак ќе го прославам.“ 29#Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му зборуваше!“ 30#11,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас. 31#3,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. 32#3,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“ 33#18,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре. 34#2 Цар 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 88,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Од Законот сме слу­ша­ле дека Христос ќе остане довека, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“ 35#7,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека ја имате Светлината, за да не ве опфати темнина; а оној што оди во темнината, не знае каде оди. 36#8,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.
Неверството на народот
37 # 2,11; 5 Мојс 29,2-4; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 И покрај толкуте чудесни знаци, што ги беше направил пред нив, тие не веруваа во Него, 38#Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од пророкот Исаија, којшто рече: „Господи, кој ли поверува во она што го слушна од нас? И раката Господова кому му се откри?“ 39#5,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели: 40#9,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи нивните очи и ги скамени нивните срца, та со очите да не гледаат и со срцето да не разбираат и да не се обратат за да ги исцелам.“ 41#1,14; 5,39; Ис 6,1Ова Исаија го рече зашто ја беше видел Неговата слава и зборувал за Не­го. 42#2,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, сепак, дури и од началниците мнозина по­веруваа во Него, само не признаваа заради фарисеите, за да не бидат исклучени од синагогата; 43#5,44зашто ја засакаа човечката слава повеќе од славата Божја.
Словото на Исус ќе суди
44 # 5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус гласно извика: „Оној што верува во Мене, не верува во Мене, ту­ку во Оној што Ме пратил, 45#1,18; 14,9кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме пратил. 46#8,12; 9,5Јас – Светлината – дојдов во светот, та никој што верува во Мене да не остане во темнина. 47#3,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе Моите зборови и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов за да го судам светот, туку за да го спасам светот. 48#8,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Има кој да го суди оној што се откажува од Мене и не ги прима Моите зборови – словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. 49#7,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборував; туку Отецот, што Ме прати, Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. 50#6,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека Неговата заповед е вечен жи­вот. И така, она што Јас го зборувам, го зборувам онака како што Ми рече Отецот.“

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in