Јован 11

11
Смртта на Лазар
1 # Мт 21,17; Лк 10,38-39 Некој Лазар од Витанија, од селото на Марија и сестра ѝ Марта, беше болен. 2#12,1-8; Лк 7,36-50А Марија, чиј брат Лазар боледуваше, беше онаа што Го помаза Господа со миро и ги избриша Неговите нозе со својата коса. 3#11,36Тогаш сестрите испратија кај Него за да Му кажат: „Господи, ете, оној што го љубиш е болен.“ 4#1,14; 7,39; 17,1-5Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за Божја слава – за да се прослави Синот Божји преку неа.“ 5#5 Мојс 33,3; Мк 10,21А Исус ги љубеше Марта и нејзината сестра и Лазар. 6Кога, пак, чу дека е болен, тогаш остана уште два дена во местото каде што се наоѓаше. 7Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“ 8#8,37.40.59; 10,31Учениците Му рекоа: „Рави, сега Јудејците сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?“ 9#9,4.12; 12,35Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Ако некој оди дење, не се препнува, зашто ја гледа светлината од овој свет; 10#13,30; Мт 6,23; Лк 11,35; 1 Јн 2,11ако, пак, некој оди ноќе, се препнува, зашто светлината не е во него.“ 11#Мт 9,24; 27,52; Дела 7,60; 1 Кор 11,30Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, нашиот пријател, заспал; но одам да го разбудам.“ 12Тогаш Неговите ученици рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ 13Исус, пак, го рече тоа за неговата смрт, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. 14Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! 15#2,11И се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате; но, да отидеме кај него.“ 16#14,5.31; 20,24-29; Рим 6,8Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на останатите ученици: „Да отидеме и ние да умреме со него.“
Исус е воскресение и живот
17Кога дојде Исус, дозна дека тој веќе четири дена е во гробот. 18#Мт 21,17; Мк 10,32А Витанија беше близу до Еру­салим, околу петнаесет стадии#11,18 3 километри.; 19#11,45; Јов 2,11и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија за да ги утешат за нив­ни­от брат. 20#Ез 8,14Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе да Го пресретне; а Марија седеше до­ма. 21#11,32Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, да беше тука, брат ми немаше да умре. 22Но и сега знам дека што и да посакаш од Бога, Бог ќе Ти даде.“ 23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“ 24#5,28-29; 6,39-40; Дан 12,2; 2 Мак 12,44; Дела 24,15Марта Му рече: „Знам дека ќе вос­кресне при воскресението, во последни­от ден.“ 25#1,4; 20,31; Кол 3,4; Откр 1,18А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее. 26#5,24; 8,51; Мт 22,23И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ 27#6,14.69Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека Ти си Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
Исус просолзува
28Штом го рече тоа, отиде и тајно ја повика својата сестра Марија, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ 29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него; 30зашто Исус уште не беше дошол во селото, туку беше на местото каде што Го пресретна Марта. 31А Јудејците, што беа со неа дома и ја тешеа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот за таму да плаче. 32#11,21 Марија, пак, кога дојде ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред Неговите нозе, велејќи Му: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми!“ 33#12,27; Мк 3,5Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи во духот и се вознемири, 34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ 35#Лк 19,41Исус просолзи. 36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!“ 37#9,6-7А некои од нив, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“
Воскреснувањето на Лазар
38 # 20,1; Мт 27,60; Лк 23,53; 24,2 А Исус, сѐ уште нажален во Себе, дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. 39Исус рече: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ 40#1,14; 2,11Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“ 41#17,1; Мт 14,19; Мк 6,41; Лк 18,13; Дела 7,55Тогаш го кренаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме послуша. 42#6,29; 12,30; 17,8.21; 3 Цар 18,36-37; 1 Јн 5,14-15Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат де­ка Ти си Ме пратил.“ 43Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“ 44#19,40; 20,6-7Умрениот излезе, обвиткан со погребни повои по нозете и по рацете; а лицето завиено со крпа. Исус им рече: „Разврзете го и оставете го да оди!“
Заговор против Исус
(Мт 26,1-5; Мк 14,1-2; Лк 22,1-2)
45 # 7,31; 8,30; 12,11.42 Тогаш мнозина од Јудејците, што беа дошле кај Марија и видоа што на­прави Исус, поверуваа во Него. 46#5,15А некои од нив отидоа кај фарисеите и им кажаа што направи Исус. 47#Мт 26,3-5Тогаш првосвештениците и фарисеите го собраа Синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда. 48#Дела 4,16Ако Го оставиме така, сите ќе по­ве­руваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ги одземат и земјата и на­ро­дот.“ 49#18,13; Лк 3,2Еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете, 50#18,14; 2 Кор 5,14ниту разбирате дека за нас е подобро еден човек да умре за народот, отколку сиот народ да пропадне.“ 51#1 Мојс 50,20; 4 Мојс 27,21Но ова не го рече сам од себе, ту­ку, бидејќи беше првосвештеник таа го­дина, прорече дека Исус ќе умре за народот; 52#10,16; 1 Јн 2,2и не само за народот, туку и за да ги соедини растурените Божји чеда. 53#5,18; 7,1.25; 8,37.40; Мт 12,14Од тој ден се согласија да Го убијат. 54#3,22Поради тоа Исус веќе не одеше јав­но меѓу Јудејците, туку оттаму отиде во еден крај близу пустината, во градот на­речен Ефрем, и таму се задржа со Своите уче­ници. 55#2,13; 13,1; 18,28; 2 Мојс 19,10-15; 4 Мојс 9,9-14; 2 Лет 30,1-3.17-20; Дела 21,24-26А се наближуваше јудејската Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат. 56#7,11Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Зар нема да дојде на празни­кот?“ 57А првосвештениците и фарисеите веќе беа издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in