Logotipo da YouVersion
Ícone de Pesquisa

Псалми 9

9
ПСАЛМ 9
Благодарствена песна поради спасување од непријателите
1За крајот: псалм на Давид, за скриените нешта на Синот.
2 # 25,7; 74,1; 85,12; Тов 12,20 Ќе Те прославувам, Господи, со сето срце мое,
ќе раскажувам за сите чудеса Твои;
3 # 7,17; 91,1 ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе,
ќе му пеам на името Твое, Севишен!
4Кога ќе се вратат назад непријателите мои,
ќе снеможат и ќе загинат пред лицето Твое,
5 # 7,11; 88,14 зашто ги изврши судот мој и правдата моја,
седна на престолот Ти, Кој според правдата судиш.
6 # 5 Мојс 9,14 Им се закани на народите
и загина безбожникот,
името му го сотре за навек и за вечни векови.
7 # 1 Мојс 19,23-25; Јов 18,17 Непријателот на крајот без мечеви остана
и градовите му ги разруши,
нивниот спомен загина со одек.
8 # 101,12; 2 Мојс 15,18; Плач 5,19 А Господ останува за навек,
го подготви за суд престолот Свој
9 # 71,2; 95,10.13; 97,9; 1 Цар 2,10; Дела 17,31 и Тој ќе му суди на светот со правда,
на народите ќе им суди чесно.
10Господ му стана прибежиште на бедниот,
помошник во времињата тешки.
11 # 35,10; 86,4; 90,14; Ис 25,4 И нека се надеваат на Тебе оние што го знаат името Твое,
зашто не си ги напуштил оние што Те бараат, Господи!
12 # 7,7; 64,1; 131,13-14; Ис 12,6 Пејте Му на Господа Кој живее на Сион,
објавувајте им ги на народите постапките Негови;
13 # 1 Мојс 9,5; Јов 16,18 зашто Оној што ја бара нивната крв, си спомна,
не го заборави пискотот на бедните.
14 # 106,18; Ис 38,10; Мудр 16,13; Мт 16,18 Помилуј ме, Господи,
види го понижувањето мое од непријателите мои,
Ти Кој ме издигнуваш од портите на смртта.
15Та да ги објавувам сите Твои пофалби пред портите на ќерката Сионска;
ќе се радувам на спасението Твое.
16 # 7,15 Народите заглавија во гнилежот што самите го направија,
ногата им се фати во замката што ја поставија.
17Господ се познава по судот што го врши;
во делата на рацете свои се заплетка грешникот.
18 # 49,22 Нека се вратат грешните во адот,
сите народи кои Го забораваат Бога.
19 # Изреки 23,18 Зашто до самиот крај сиромавиот нема да биде заборавен;
трпението на бедните никогаш нема да загине.
20 # 7,6 Воскресни, Господи, да не надвладее човекот,
народите нека бидат судени пред Тебе.
21 # 9,38; 55,4.12 Постави, Господи, законодавец над нив,
нека разберат народите дека се луѓе.
22 # 21,1; 73,1 Зошто стоиш далеку, Господи,
и ме запоставуваш во времињата тешки?
23 # 9,33; Јов 22,13 Од горделивоста на безбожникот,
бедниот се распалува –
се фаќаат во сплетките што самите ги смислуваат.
24 # 13,1; 35,1; 72,11; Ер 5,12; Соф 1,12; Мал 3,14-15; Јов 21,14-15; 21,11-13 Зашто грешникот се гордее со похотите на душата своја,
а неправедниот самиот си се благословува.
25 # Ер 12,1-2; Јов 21,7-33 Грешникот Го раздразнува Господа,
поради својот голем гнев тој нема да Го бара,
за него Бог не постои.
26Патиштата негови секогаш се осквернети,
лицето негово ги порекнува Твоите судови,
над сите непријатели свои ќе завладее.
27 # Рим 3,14 Зашто во срцето свое рече:
„Нема да се поместам,
од поколение во поколение зло нема да ме снајде“.
28 # 16,11-12; 55,6; 58,3; 139,5; Ер 5,26; Ос 6,8-9; Авак 3,14; Изреки 1,11-16 Устата негова е полна со клетва,
и со горчина и со измама;
под јазикот негов – мака и болка.
29Лежи во заседа со богатите,
за тајно да го убие невиниот.
Очите негови го следат бедниот.
30Демне скришно како лав од дувлото свое;
демне да го зграби бедниот,
да го зграби и да го одвлече.
31 # 43,24; 72,11; 73,19; 93,7; Ез 9,9; Јов 22,13 Ќе го покори во замката своја,
но ќе се понизи и ќе падне кога ќе завладее со бедните.
32Зашто во срцето свое рече:
„Бог заборави, го одврати лицето Свое
за да не гледа до самиот крај“.
33Воскресни, Господи, Боже мој,
нека се возвиши раката Твоја
за бедните да не бидат заборавени.
34 # 30,7; 55,8; 2 Мојс 22,21-22 Зошто безбожникот Го разгневи Бога?
Зашто рече во срцето свое: „Нема да ме испитува!“
35Но Ти гледаш, зашто Ти ги разбираш и болката и гневот
што се предадени во Твоите раце!
Тебе Ти е оставен бедниот,
на сиракот Ти си му помошник.
36 # 28,10; 144,13; 145,10; Ер 10,10; Наум 1,15 Скрши ја мишката на грешниот и на лукавиот;
ќе се побара гревот негов и не ќе се најде.
37Ќе царува Господ за навек и за сите векови,
а вие, народи, ќе исчезнете од земјата Негова.
38Господ ја слушна желбата на сиромашните,
Твоето уво ја забележа спремноста на нивното срце,
39за да му суди на сиракот и на понижениот,
та човекот да не се вообразува веќе на земјата.

Atualmente Selecionado:

Псалми 9: MAK2024PS

Destaque

Compartilhar

Copiar

None

Quer salvar seus destaques em todos os seus dispositivos? Cadastre-se ou faça o login