YouVersion लोगो
खोज आइकन

Јован 3

3
1Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, кој беше еврејски верски старешина.
2Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“
3Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“
4„Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“
5Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!
6Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.
7Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘
8Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“
9„Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим.
10Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!?
11Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате.
12Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!?
13Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото.
14Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат.
15Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот.
16Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.
17Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него.
18Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној, пак, што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син.
19Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли.
20Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови.
21Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“
22По ова, Исус и Неговите ученици заминаа од Ерусалим, но останаа во покраината Јудеја, каде што Исус помина извесно време со нив и крштаваше.
23Јован исто така крштаваше во Енон, близу до Шалем, зашто таму имаше многу вода. Луѓето доаѓаа и беа крштавани.
24Тоа беше пред Јован да биде фрлен в затвор.
25Тогаш се разви една расправа меѓу Јовановите ученици и еден Евреин околу обредното миење.
26Тие дојдоа кај Јован и му рекоа: „Раби, Оној Човек што беше со тебе од другата страна на реката Јордан за Кого ти посведочи дека е Месијата - ете, Тој крштава и сите одат кај Него!“
27Јован им одговори: „Човек не може да врши никаква мисија, ако не му е дадено од небото.
28Вие самите сте ми сведоци дека реков оти јас не сум Месијата, туку дека сум испратен како Негова претходница.
29Невестата ќе оди таму каде што е Mладоженецот, а пријателот на Mладоженецот, кој стои и слуша, од се срце се радува што го слуша гласот на Mладоженецот. Мојата радост на тој начин се исполни.
30Тој мора да напредува, а јас да се намалувам.“
31Најголем од сите е Оној што доаѓа одозгора. Оној што е од Земјата, пак, и припаѓа на Земјата и зборува за земни работи. Најголем од сите е Оној што доаѓа од небото.
32Тој сведочи за она што го видел и слушнал, но малкумина го прифаќаат Неговото сведоштво.
33Оној што го прифаќа Неговото сведоштво потврдува дека Бог е вистинит.
34Зашто, Оној Кого Бог Го прати ги зборува Божјите зборови, затоа што Бог му дава Дух без мера.
35Таткото Го сака Својот Син и Му предал се во Неговите раце.
36Оној што верува во Синот има вечен живот; оној, пак, што му е непослушен на Синот, не ќе види живот, туку останува под Божјата казна!

अहिले सेलेक्ट गरिएको:

Јован 3: MNT

हाइलाइट

शेयर गर्नुहोस्

कपी गर्नुहोस्

None

तपाईंका हाइलाइटहरू तपाईंका सबै यन्त्रहरूमा सुरक्षित गर्न चाहनुहुन्छ? साइन अप वा साइन इन गर्नुहोस्