YouVersion लोगो
खोज आइकन

Јован 11

11
1Еден пријател на Исус, по име Лазар, се разболе. Тој беше од селото Бетанија, и живееше со своите сестри Марија и Марта.
2(Тоа беше онаа Марија што подоцна Го помаза Господа со скапоцен парфем и Му ги избриша стапалата со својата коса; нејзиниот брат, Лазар, беше тој што се разболе.)
3Тогаш сестрите испратија ваква порака до Исус: “Господе, твојот драг пријател се разболе!“
4Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“
5(Исус многу ги сакаше Марта, нејзината сестра и нивниот брат Лазар.)
6Сепак, откако слушна дека Лазар е болен, Тој остана уште два дена таму каде што беше.
7Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“
8„Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“
9Исус им одговори: „Денот има дванаесет часа, нели? Тој што оди дење не се сопнува, бидејќи пред себе ја има дневната светлина.
10Ако човек оди ноќе тој се сопнува, бидејќи пред себе нема светлина.“
11Откако го рече ова, Исус им најави: „Нашиот пријател Лазар заспал, и Јас одам таму за да го разбудам.“
12„Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“
13(Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.)
14Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре.
15Мило ми е што Јас не бев таму, зашто сега ќе добиете уште една можност да поверувате. Но, ајде да одиме кај него.“
16Во тој момент, Тома, кого го викаа Близнак, им рече на учениците: „Да одиме со Учителот и ние да умреме со Него!“
17Кога Исус пристигна во Бетанија, Му кажаа дека Лазар е веќе четврт ден во гробот.
18Бетанија беше близу до Ерусалим, на оддалеченост од околу три километри.
19Многу сонародници на Марта и Марија беа кај нив, за да ги утешуваат по повод смртта на нивниот брат.
20Кога Марта дозна дека Исус доаѓа, таа Му појде во пресрет, а Марија остана дома.
21Марта Му рече на Исус: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!
22Но, знам дека Бог ќе Ти даде и сега, се што ќе посакаш од Него!“
23„Брат ти ќе воскресне!“ - и одговори Исус.
24Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне на крајот, кога ќе биде воскресението.“
25Тогаш Исус и одговори: „Јас сум Тој што воскреснува и дава живот! Секој што верува во Мене, ќе живее, дури и ако умре!
26Секој што ќе поверува во Мене за време на својот живот, никогаш нема да вкуси вечна смрт! Веруваш ли во тоа?“
27„Да, Господе“, - Му одговори Марта - „јас поверував дека Ти си Месијата, Божјиот Син, што Го очекувавме да дојде на светот!“
28Откако го рече ова, Марта си замина и кришум ја повика својата сестра Марија, па и соопшти: „Учителот е овде и те вика!“
29Штом го слушна тоа, Марија бргу стана и Му појде во пресрет.
30(Исус се уште не беше влегол во селото, туку беше на местото каде што Марта Го пресретна.)
31Кога Евреите што беа со неа во куќата за да ја утешуваат видоа како Марија бргу стана и замина, тргнаа по неа. Претпоставуваа дека таа оди на гробот на својот брат Лазар за да плаче.
32Кога Марија дојде до местото каде што беше Исус и кога Го виде, клекна пред Неговите нозе и Му рече: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!“
33Кога виде Исус како плачат Марија и Евреите што беа со неа длабоко се натажи и се потресе.
34„Каде го погребавте?“ - запраша Тој. „Господе“, - Му рекоа тие - „дојди да видиш.“
35Исус заплака.
36Тогаш присутните Евреи говореа: „Види колку го сакал својот пријател Лазар!“
37Некои, пак, од нив рекоа: „Зарем Овој Човек што му ги отвори очите на слепиот не можеше да ја спречи смртта на Лазар!?“
38Пак длабоко трогнат, Исус дојде до гробот. Тоа беше една пештера чиј влез беше затворен со камен.
39„Тргнете го каменот!“ - рече Исус. „Господе“, - Му рече Марта, сестрата на умрениот - „четири дена поминаа откако брат ми умре и телото веќе смрди!“
40Исус и одговори: „Нели ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава!?“
41Тогаш луѓето го тргнаа каменот. Исус го подигна погледот кон небото и рече: „Татко, Ти благодарам што Ми ја услиши молитвата.
42Јас знам дека Ти секогаш Ми одговараш на молитвите, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Јас сум Твој пратеник.“
43Кога Исус ја заврши молитвата, извика: „Лазаре, излези надвор!“
44Умрениот излезе, завиткан со повои околу нозете и рацете, а околу лицето му беше замотана шамија. „Одврзете го и пуштете го да оди!“ - им рече Исус.
45Тогаш мнозина од Евреите, кои беа дојдени кај Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.
46Но некои од нив отидоа кај фарисеите и им кажаа што направи Исус.
47Тогаш свештеничките поглавари и фарисеите го свикаа Синедрионот и почнаа да се советуваат: „Што да правиме? Овој човек прави многу чуда!
48Ако го оставиме да продолжи вака сите ќе поверуваат во Него, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни ги уништат и храмот и нацијата!“
49Тогаш еден од нив, по име Кајафа, кој таа година беше Првосвештеник, им рече: „Вие ништо не разбирате!
50Не сфаќате ли дека е подобро еден човек да умре за народот, отколку целата нација да ни биде уништена!?“
51Ова тој не го кажа од себе, туку, бидејќи таа година беше Првосвештеник, тој прорече дека Исус мора да умре за еврејскиот народ.
52И не само за тој народ, туку и за да ги собере и обедини во едно сите распрснати Божји чеда.
53Од тој ден, еврејските верски водачи решија да Го убијат Исуса.
54Поради тоа, Исус повеќе не можеше слободно да патува по Јудеја. Тој оттаму замина кон пределот близу до пустината. Влезе во едно гратче по име Ефраим и таму остана со Своите ученици.
55Наближуваше еврејскиот празник Пасха. Голем број луѓе од внатрешноста се искачија во Ерусалим пред Пасха, за да го извршат церемонијалното исчистување.
56Тие го бараа Исуса и собрани во храмот си зборуваа меѓу себе: „Што мислите, дали Тој ќе се осмели да дојде на празникот?“
57Свештеничките поглавари и фарисеите издадоа заповед, ако некој дознае каде е Исус - веднаш да им јави, за да Го уапсат.

अहिले सेलेक्ट गरिएको:

Јован 11: MNT

हाइलाइट

शेयर गर्नुहोस्

कपी गर्नुहोस्

None

तपाईंका हाइलाइटहरू तपाईंका सबै यन्त्रहरूमा सुरक्षित गर्न चाहनुहुन्छ? साइन अप वा साइन इन गर्नुहोस्