YouVersion လိုဂို
ရွာရန္ အိုင္ကြန္

Битие 7

7
Потопот настанува.
1И му рече Господ Бог на Ноја: »Влези во ковчегот ти и целиот дом твој, бидејќи те видов праведен пред Себе во овој род,
2и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол;
3исто така и од птиците небески по седум, машки пол и женски, и од сите нечисти птици по две, за да им се зачува родот нивни по целата земја.
4Оти по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива четириесет дена и четириесет ноќи и ќе го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал Јас.«
5И Ное направи сѐ што му заповеда Господ Бог.
6А Ное имаше шестотини години кога дојде потопот на земјата.
7И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради потопот од вода.
8И од животните чисти и од животните нечисти, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата;
9влегоа при Ноја во ковчегот по две, машко и женско, како што му заповеда на Ноја Бог.
10А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата.
11Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;
12и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.
13Во истиот ден влезе во ковчегот Ное, и Сим, и Хам и Јафет, синовите негови, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.
14Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, птиците сите и сѐ што има крилја,
15влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух;
16и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог. И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор.
17Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноќи; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;
18водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата.
19И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;
20петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.
21Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе;
22сѐ, што на суво имаше здив во ноздрите свои, изумре.
23И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до ѕверот, лазачите и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот.
24А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена.

လက္ရွိေရြးခ်ယ္ထားမွု

Битие 7: MK1990

အေရာင္မွတ္ခ်က္

မၽွေဝရန္

ကူးယူ

None

မိမိစက္ကိရိယာအားလုံးတြင္ မိမိအေရာင္ခ်ယ္ေသာအရာမ်ားကို သိမ္းဆည္းထားလိုပါသလား။ စာရင္းသြင္းပါ (သို႔) အေကာင့္ဝင္လိုက္ပါ