YouVersion လိုဂို
ရွာရန္ အိုင္ကြန္

Битие 18

18
Бог објавува дека Сара ќе има син
1Потоа на Авраам му се јави Господ кај светите дрвја во Мам­ре, кога седеше пред вратата од шато­рот свој, на пладнина. 2#Евр 13,2Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот (свој), и им се поклони доземи. 3И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој! 4Ќе Ви донесат малку вода и ќе ги измијат нозете Ваши, па одморете се малку под ова дрво! 5И ќе Ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете (го својот пат).“ Тие рекоа: „Направи, како што велиш!“ 6И Авраам отрча во шаторот кај Сара, и ѝ рече: „Замеси брзо три мери од најдоброто брашно и испечи пога­чи!“ 7Па отрча кај говедата и фати младо и згоено теле, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви. 8Па потоа изнесе масло и млеко и те­лето, што беше зготвено, и им принесе; и Тие јадеа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото. 9#17,15-21Тогаш Тие го прашаа: „Каде е Сара, жената твоја?“ А тој одговори: „Ене ја во шаторот.“ 10#15,2-4; Рим 9,9Еден, пак, од нив му рече: „Дого­дина во ова време, Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја ќе има син.“ А Сара слушаше на вратата од шато­рот, зад него. 11Авраам и Сара беа стари – во поодминати години, и кај Сара беше прес­танало редовното кај жените. 12Затоа Сара се насмеа во себе, ве­лејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“ 13Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара (во себе), ве­лејќи – Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена? 14#Мт 19,26; Лк 1,36-37; Евр 11,11-12Има ли нешто неможно за Господ? (Догодина) во ова време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син.“ 15Но Сара не призна и рече: „Не се насмеав“, бидејќи се беше уплашила. А Тој ѝ рече: „Не, ти се насмеа!“ 16#Ер 15,1Потоа луѓето станаа и тргнаа кон Содом (и Гомора), а и Авраам појде со нив да ги испрати. 17#Амос 3,7А Господ рече: „Ќе кријам ли од Авраам (Мојот слуга) што сакам да направам? 18#12,3; Јн 15,15Та од Авраам ќе излезе голем и силен народ, и преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата. 19#Ер 23,5Затоа што го избрав за да им запо­веда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господов и да извршуваат правда и суд, и Господ ќе го исполни (сѐ) она, што му го вети на Авраам.“ 20И Господ рече: „Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки. 21#4,10Затоа ќе слезам да видам дали е тоа токму така, како што доаѓа викот до Мене, или не.“ 22#Пс 105,23Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господ. 23Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот? 24#4 Мојс 16,22Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе го погубиш и нема да му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? 25Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Суди­јата на целата земја нема да суди право?“ 26И Господ рече: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив.“ 27#Пс 143,3-4А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господ, иако сум земја и пепел. 28Можеби има праведници за пет помалку од педесет; зарем заради тие пет ќе го сотреш целиот град?“ Тој одговори: „Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.“ 29И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму четириесет?“ Тој, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие четири­есет.“ 30Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам – можеби ќе се најдат триесет?“ – Тој рече: „Нема да го напра­вам, ако најдам триесет.“ 31И пак рече: „Еве, се осмелувам од­ново да Му проговорам на Господ – можеби ќе се најдат дваесет?“ „Нема да го уништам – рече – ни заради тие два­есет.“ 32#Ер 5,1; Ез 22,30Најпосле рече: „Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам – можеби ќе се најдат десет?“ – Тој рече: „Нема да го уништам ни заради оние десет.“ 33И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам; а Авраам се врати во своето место.

လက္ရွိေရြးခ်ယ္ထားမွု

Битие 18: MK2006D

အေရာင္မွတ္ခ်က္

မၽွေဝရန္

ကူးယူ

None

မိမိစက္ကိရိယာအားလုံးတြင္ မိမိအေရာင္ခ်ယ္ေသာအရာမ်ားကို သိမ္းဆည္းထားလိုပါသလား။ စာရင္းသြင္းပါ (သို႔) အေကာင့္ဝင္လိုက္ပါ