Шест дена за Божјите прекариПримерок
ДЕН 6: ЕЛ СИМЧАТ ГИЛИ – БОГ, МОЈАТА ОГРОМНА РАДОСТ
Размисли за радоста што ја добиваш кога ќе се специјализираш во некоја област за првпат. Можеби си научил некој странски јазик доволно добро за да комуницираш со странци на кои им е мајчин јазик. Или додаваш километар по километар во трчањето за конечно да можеш да го истрчаш маратонот. Можеби со години се обидуваш да ја добиеш твојата универзитетска диплома, за конечно да се качиш на бината за да ја земеш. Ти чувствуваш спектар на емоции, но радоста е најизразена.
Сите добри нешта потекнуваат од Бог, и тој се радува со нас за сите добри нешта. Тој е единствениот и вистински извор на радост, и кога веруваме во Него, ние можеме да искусиме радост во секоја околност. Можеме да искусиме радост и на сред потешкотии доколку нашата надеж ја бараме во Господ.
Најчестата грешка што ја правиме е што бараме радост без Бог. Кога се цениме себе врз основа на мислењата на некои луѓе или платата што ја заработуваме или социјалниот статус, ја пропуштаме вистинската радост. Ја пропуштаме радоста што е во патешествието, радоста во пронаоѓањето, радоста што доаѓа преку отвореното срце за Бог. Покрај ова, ја пропуштаме шансата да ја споделиме Божјата радост со други луѓе. Но, кога сме исполнети со радоста што доаѓа од Бог, ние им шириме љубов и задоволство на оние околу нас и ја препознаваме вистинската радост.
Доколку оваа посвета ти е значајна, би сакале да ти поклониме бесплатно превземање на проповед за името Џехова Џирех. Тука превземи ја комплетната проповед од Тони Еванс.
Свето Писмо
Опис за овој план
Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и нивното значење, кои ќе му помогнат на читателот повеќе да се приближи до Единствениот Вистински Бог. Извадоци од „Искуси ја Моќта на Божјите прекари: Посвета што дава живот" од д-р Тони Еванс. Јуџин или: Харвест Хаус Паблишерс, 2017.
More