Библија за децаПримерок
Многу одамна, Бог го испрати ангелот Гаврил кај слатката млада Еврејка по име Марија. Тој и рече, „Ќе имаш син и ќе Го наречеш Исус. Ќе го викаат Синот Божји. Тој ќе владее засекогаш”.
„Како може ова да биде?” праша зачудената девојка. „Јас не сум била со маж (како ќе родам дете, кога јас сум девица)”. Ангелот и кажа на Марија дека детето ќе дојде од Бога. Нема да има човечки татко.
Ангелот и кажа на Марија дека нејзината роднина Елисавета ќе има бебе на постара возраст. И ова беше чудо, исто така. Набрзо потоа. Марија ја посети Елисавета. Тие го славеа Бога заедно.
Марија беше свршена за човек по име Јосиф. Јосиф беше тажен кога разбра дека Марија очекува бебе. Мислеше дека некој друг човек е таткото.
На сон, ангелот Божји му кажа на Јосиф дека детето е Син Божји. Јосиф требаше да и помага на Марија да се грижи за Исус.
Јосиф веруваше и му се покоруваше на Бога. Тој исто така им се покоруваше на законите на својата земја. Поради новиот закон, тој и Марија заминаа во родниот град, Витлеем, да ги платат своите даноци.
На Марија и дојде времето да се породи. Но Јосиф никаде не можеше да најде соба. Сите гостилници беа полни.
Јосиф конечно најде штала. Таму, бебето Исус се роди. Неговата мајка го положи во јасли, место каде што вообичаено се става храна за животните.
Во близина, овчарите ги чуваа своите заспани стада. Ангелот Божји се појави и им ги кажа прекрасните вести.
„Денес, во Давидовиот град, ви се роди Спасителот - Месијата, Господ. Во јаслите ќе најдете Новороденче во повој”.
Одеднаш, се појавија уште повеќе ангели од небото, кои го славеа Бога велејќи, „Слава му на Бога во височините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!”
Овчарите побрзаа во шталата. Откако го видоа Бебето на сите им раскажуваа за сето она што им го беше кажал ангелот за Исус.
Четириесет дена подоцна, Јосиф и Марија го донесоа Исус во храмот во Ерусалим. Таму човек по име Симон го славеше Бога за Бебето, додека старата Ана, друг слуга Господов, му благодареше.
Двајцата знаеја дека Исус беше Син Божји, ветениот Спасител. Јосиф жртвуваше две птици. Ова беше понада за која Законот Божји велеше дека сиромашните луѓе треба да ја донесат кога го претставуваат новороденото дете на Бога.
За некое време, посебна ѕвезда ги доведе Мудреците од Земја на Исток во Ерусалим. „Каде е тој што е роден Цар на Евреите?” прашаа тие. „Сакаме да Го обожуваме”.
Кралот Ирод слушна за Мудреците. Вознемирен, побарал да му кажат кога ќе го најдат Исус. „И јас сакам да го обожувам Него, исто така”, рекол Ирод. Но тој лажел. Ирод сакал да го убие Исус.
Ѕвездата ги одведе Мудреците до точната куќа каде Марија и Јосиф живееа со малото Дете. Клечејќи со почит, патниците му дадоа на Исус богати дарови од злато и парфем.
Бог ги предупреди Мудреците тајно да се вратат дома. Ирод беше бесен. Решен да го уништи Исус, нечесниот владетел ги уби сите машки бебиња во Витлеем.
Но Ирод не можеше да му наштети на Синот Божји! Предупреден во сон, Јосиф ги однесе Марија и Исус на безбедно во Египет.
Кога Ирод умре Јосиф ги врати Марија и Исус назад од Египет. Тие живееја во малиот град Назарет, блиску до морето Галилејско.
Крај
Свето Писмо
Опис за овој план
Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.
More
Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php