Библија за децаПримерок
Кој не создаде нас? Библијата, Словото Божјо, кажува како настанала човечката раса. Многу одамна, Господ го создал првиот човек и го нарекол Адам. Бог го создал Адам од правта на земјата. Кога Бог вдахнал живот во Адам, тој оживеал. Се нашол во една прекрасна градина наречена Едем.
Пред Бог да го создаде Адам, Тој создал прекрасен свет исполнет со прекрасни нешта. Чекор по чекор Бог создал ридести места и прерии, миризливи цвеќиња и високи дрвја, птици со сјајни пердуви и пчели што зујат, китови што пливаат и лизгави полжави. Всушност, Бог создал се што постои - сѐ.
На самиот почеток, пред Бог да создаде нешто, немало ништо освен Бог. Немало луѓе, ниту места, ниту предмети. Ништо. Немало светлина, ниту темнина. Немало угоре, ниту удолу. Немалo вчера и немало утре. Бил само Бог кој немал почеток. Тогаш Бог работел!
На почетокот, Бог ги создаде небесата и земјата.
И земјата беше безоблична и празна. И имаше темнина над бездната. Тогаш Бог рече: „Нека биде светлина”.
И би светлина. И светлината Бог ја наречe Ден, а темнината ја нарече Ноќ. И би вечер, и би утро, ден први.
На вториот ден, Бог ја донесе водата од океаните, морињата и езерата по ред под Небесата. На третиот ден, Бог рече, „Нека се појави суво!” И стана така.
Бог исто така нареди тревата и цвеќињата и грмушките и дрвјата да се појават. И тие се појавија. И би вечер, и би утро, ден трети.
Тогаш Бог го создаде сонцето, месечината и многу ѕвезди што никој не може да ги изброи. И би вечер, и би утро, ден четврти.
Морските созданија и риби и птици беа следни на списокот на Бога. На петтиот ден Тој создаде голема сабјарка и мали сардини, ноеви со долги нозе и среќни мали птици пеачки. Бог го создаде секој вид риба да ги наполни водите на земјата и секој вид птици да уживаат во копното и морето и небото. И би вечер, и би утро, ден петти.
Потоа, Бог пак проговори. Тој рече, „Нека произведе земјата од себе разни суштества ...” Секој вид животни и инсекти и лазачи ги создаде. Имаше слонови кои ја потресуваа земјата и вредни дабари. Немирни мајмуни и неспретни крокодили. Кривулести црви и безобразни верверички. Високи жирафи и нежни мачиња. Секој вид животни беше создаден од Бога тој ден. И би вечер, и би утро, ден шести.
Бог направи и нешто друго на шестиот ден – нешто многу посебно. Сега се беше подготвено за Човекот. Имаше храна на полињата и животни да му служат. И Бог рече, „Да создадеме човек според Нашиот образ. Нека биде Господар над се на земјата”. ТАКА БОГ ГО СОЗДАДЕ ЧОВЕКОТ СПОРЕД НЕГОВИОТ ОБРАЗ; СПОРЕД ОБРАЗОТ НА БОГА ТОЈ ГО СОЗДАДЕ НЕГО ...
Бог му рече на Адам. „Јади што сакаш од градината. Но не јади од дрвото на познавањето на доброто и злото. Ако јадеш од тоа дрво сигурно ќе умреш”.
И ГОСПОД Бог рече, „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него”. Бог му ги донесе сите птици и ѕверови на Адам. Адам на сите им даде имиња. Тој мора да бил многу умен за да го направи тоа. Но помеѓу сите птици и ѕверови немаше соодветен партнер за Адам.
Господ му прати на Адам тврд сон. Па кога заспа му зеде едно ребро, Бог ја направи Жената од реброто на Адам. Жената што ја направи Бог беше точно вистински партнер за Адам.
Бог направи се во шест дена. Тогаш Бог го благослови седмиот ден и го направи ден за одмор. Во Градината Едем, Адам и Ева неговата жена беа совршено среќни покорувајќи му се на Бога. Бог беше нивниот ГОСПОД, нивниот Хранител и нивниот Пријател.
Крај
Свето Писмо
Опис за овој план
Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.
More
Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php