Отстапи го на Бога првото местоПримерок
„Стратегија од пет точки за да се живее победнички”.
Овој дел нуди стратегија од 5 точки за успешно справување со гревот и искушението. Спроведувањето на овој план на дело е уште еден начин да му се даде првото место на Бога во вашиот живот!
1. РАЗБЕРИ ДЕКА БОГ ТЕ ГЛЕДА КАКО СОВРШЕН, СВЕТ И БЕЗГРЕШЕН преку делото на Исус Христос. (Прочитај ја II Коринтјаните 5:21.) Многу пати вината и срамот се најуништувачките последици на гревот. Разбирањето дека нема осудување за оние во Христа, без разлика на гревот, е суштинско за победа. (Римјаните 8:1).
2. ИСПОВЕДАЈ ГИ СВОИТЕ ГРЕВОВИ. (Читај I Јован 1:9.) Исповедувањето на нашите гревови значи признавање на оние гревови прво во нашите срца и умови, и потоа нивното признавање на Бога. Исповедувањето на нашите гревови неопходно не значи дека треба да ги објавиме на другите. Исповедувањето е помеѓу тебе и Бога.
3. БИДИ ОДГОВОРЕН (Прочитај го Јаков 5:16.) Да се најде близок христијански другар од доверба, свештеник или член на семејството во кои можеш да се довериш е корисен начин да покажеш одговорност и молитвена подршка во твојата борба.
4. ИЗБЕГНИ ГИ ИЗВОРИТЕ НА ИСКУШЕНИЕ. (Прочитај го Јаков 1:13-15.) Ова е најнапорната точка да се спроведе, и потребни се креативна мисла и планирање. Вистината е дека ако можеш да го избегнеш искушението, можеш да го избегнеш и гревот.
5. ЧИТАЈ ГО БОЖЈИОТ ЗБОР. (Прочитај го Псалм 119:11.) Божјиот збор ни кажува јасно дека „како што го криеме во нашите срца“, му даваме посебна моќ да му се спротиставиме на искушението и гревот.
Опис за овој план
Отстапувањето на првото место на Бога во нашите животи не е настан од еден ден, туку долготраен процес за секој христијанин. Без разлика дали си нов во верата или си одамнешен следбеник на Христа, овој план ќе ти биде лесен да го разбереш и да примениш и многу ефективна стратегија за победничко христијанско живеење. Преземено од кнгата „Вон овој свет: христијански водич кон раст и цел“ од Дејвид Џ.Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk