Отстапи го на Бога првото местоПримерок
„Местото на Бога, моја награда!”
Прво место – е фокусираната амбиција за сите оние кои се натпреваруваат. Без разлика дали е индивидуален или тимски натпревар, најдобриот резултат или време победува, и првото место секогаш ја носи врвната награда за оној кој ја постигнува таа привилегирана разлика. Секогаш, но, со еден важен исклучок.
Пред нашето спасение, ние вообичаено самите си го заземаме првото место во нашите животи – живеејќи за самите себеси, исполнувајќи ги нашите себични амбиции, промовирајќи го сопствениот план. Но кога стануваме христијани, првото место веќе не ни припаѓа нам; тоа му припаѓа на Бога.
Отстапувањето на првото место на Бога во нашите животи започнува на денот на нашето спасение, но дозволувањето на Бог да остане прв во сите области од нашиот живот, е постојан процес. Кога го правиме тоа, ние живееме исполнет и благословен живот во Христа овде на земјата и наследуваме вечен живот со неизговорливи благослови со Бога во Рајот засекогаш.
„Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве¬нец, а ние – нераспадлив. – Коринтјаните 9:25“
Свето Писмо
Опис за овој план
Отстапувањето на првото место на Бога во нашите животи не е настан од еден ден, туку долготраен процес за секој христијанин. Без разлика дали си нов во верата или си одамнешен следбеник на Христа, овој план ќе ти биде лесен да го разбереш и да примениш и многу ефективна стратегија за победничко христијанско живеење. Преземено од кнгата „Вон овој свет: христијански водич кон раст и цел“ од Дејвид Џ.Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk