најголемата одлука во твојот живот!Примерок
"„Крштевање со вода: Јавна изјава за променет живот“
Крштевањето со вода е важен начин јавно да го прогласиш твоето спасение. Крштевањето со вода го слави крајот на стариот начин на живот и почетокот на новиот. Исус ги поучил своите ученици за важноста на крштевањето со вода непосредно пред Неговото вознесение на небото, по воскресението.
„Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух.“ Матеј 28:19
Во Новиот Завет има безброј приказни за верници кои се крстени. Крштевањето со вода е важно и за оние што се крштеваат но и за оние што ги набљудуваат. Крштевањето со вода јавно го сведочи: крајот на твојот претходен начин на живот со потопување во вода и почеток на твојот нов живот во Христа со излегување од водата како прочистено и ново создание во Бога.
Лука 3:3 го претставува крштевањето со вода како „крштевање на покајанието“ и ја нагласува важноста јавно да се изјасниме дека сме се оддалечиле од стариот живот и гревови. Иако крштевањето со вода не го спасува ниту го покрива нашиот грев, тој е клучен дел од нашиот христијански живот - изјава дека ние сме ново создание, со променет живот! Ако некогаш постоел некој што не треба да дава ваква изјава, тоа беше Исус, кој живеел безгрешен живот на земјата. Лука 3:21 вели:
„Кога се крсти сиот народ - се крсти и Исус.“ Лука 3:21
Исус се крсти за да го следиме Неговиот пример. Важноста на крштевањето со вода не може да биде преценета. Ако сè уште не си крстен со вода, треба крштевањето со вода да го направиш приоритет. Библијата не учи јавно да го објавиме нашето спасение, а повеќето цркви што веруваат во Библијата нудат многу можности за крштевање со вода. Следењето на примерот на Исус е секогаш победнички предлог. Бог ќе те благослови богато и ќе те награди за твојата верност и послушност кон Него!"
Свето Писмо
Опис за овој план
Повеќето од животните одлуки се важни. Сепак, само една е најважна. Ако бараш едноставен водич за подлабоко разбирање на оваа извонредна одлука - Божјиот бесплатен дар на спасение - тогаш започни овде. Преземено од книгата „Надвор од овој свет; Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свант.
More
Благодарни сме на Twenty20 Faith, Inc. за овој план. За повеќе информации, види: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk |