најголемата одлука во твојот живот!Примерок
"„Спасение: Божјиот дел и твојот дел“
Твоето спасение соединува две важни одлуки. Првата одлука е онаа која Бог ја донесе многу одамна со испраќање на Неговиот Син на светот за да биде наш единствен Спасител. Втората е твојата одлука да го прифатиш Неговиот Син како ТВОЈ Спасител.
„Бог, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар. Никој не го заработил, па да може да се фали.“ Ефесјаните 2: 8-9
МИЛОСТА е дефинирана како незаслужена или незаработена љубов. Милоста е Божјиот удел во спасението, и Тој ја покажува својата наклоност кон човештвото во форма на совршен подарок, кој е Исус Христос. Преку крстот, Исус целосно ја плати казната за нашите гревови. И преку Исус, отелотворената Божја благодат, од нас не се бара никаква количина добри дела, бидејќи никогаш не можеме да платиме за таа благодат. Не можеме да го заработиме нашето спасение; тоа е бесплатен подарок кој е достапен за секого и не бара исплата од наша страна.
ВЕРАТА е дефинирана како доказ дека нешто постои, иако не може физички да се види или допре. Верата е неопходна за нашиот удел во спасението, а со вера, како чин на нашата волја, ние избираме да му го предадеме животот на Бог и со тоа го избираме Исус за Господ на нашите животи. Бидејќи со вера си ја добил благодатта Божја преку Исус Христос, без сомнение си предодреден за вечноста со Бога во рајот. Може да бидеш 100% убеден во овој факт!
Додека добрите дела не можат да ни го заработат спасението, тие играат важна улога во нашиот христијански живот откако ќе го прифатиме Исус.
„Ние сме Божјо дело. Создадени сме преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, што Бог уште одамна ги испланирал за нашите животи.“ Ефесјаните 2:10
Бог има специфична цел за целиот наш живот, а деталите се претежно помеѓу тебе и Него. Но, Бог исто така има заедничка цел за сите свои деца, а тоа е да ја употребуваме нашата вера преку правење добри дела. Кога го правиме ова, исполнуваме важен дел од Божјиот план за нашите животи, и ние сме привилегирани да ја сјаеме Неговата љубов кон другите. Спасението е воедно и нов почеток но и крај, и е причина за славење. Ти си ново создание, засекогаш променето!"
Свето Писмо
Опис за овој план
Повеќето од животните одлуки се важни. Сепак, само една е најважна. Ако бараш едноставен водич за подлабоко разбирање на оваа извонредна одлука - Божјиот бесплатен дар на спасение - тогаш започни овде. Преземено од книгата „Надвор од овој свет; Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свант.
More
Благодарни сме на Twenty20 Faith, Inc. за овој план. За повеќе информации, види: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk |