Започни ОдновоПримерок
Божјата Милост: Неговата Широко Отворена Рака
Си замислувам како се чувствувала таа: преоптоварена со срам и нечесни чувства, можеби помешани со гнев, изневерување и виновност - и мислата за исчекување на смрт. Можеби жената фатена во прељубодејство преферира смрт наместо тој голем срам со кој ќе се соочи пред јавноста.
Изгледа никој не би и помогнал.
Но како што чекаше во страв да ја удрат камењата, ниту еден не падна на неа. Таа беше сигурна дека тие религиозни водачи сакаат да ја каменуваат до смрт.
“...нека фрли на неа камен оној кој никогаш не згрешил!” (с.7) Исус ги предизвикал оние кои биле желни да ја казнат оваа неверничка со смрт, и ова бил отрезнувачки предизвик -- за неверните другари.
Додека тие биле желни да ја убијат, Господ не ја завршил работата со оваа жена и покрај сите нејзини гревови. Всушност, Исус беше желен да и овозможи нов почеток. “Оди и немој да грешиш повеќе.” (с.11)
Дали си се почувствувал некогаш дека е крај на твојот живот? И покрај сите овие погрешни потези, грешни и не мудри избори кои скоро ќе ја загрозеа твојата иднина или твојот живот, Бог сеуште не завршил со тебе. Наместо тоа, Бог сака да ти даде нов почеток.
Бог те гледа и го познава твоето срце. Тој те сака комплетно до крај. Оди пред Исус таков каков што си. Божјата милост е неговата широко отворена рака која ти ја нуди за да ти овозможи да застанеш и да се соочиш со животот повторно -- овојпат, заедно со Него.

Свето Писмо
Опис за овој план
Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми за нов почеток. Немој да застанеш тука! Продолжи да го читаш овој план! Уживај!
More
Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/