Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

2 ДЕН ОД 7

Богот на Новите Почетоци. Таа немаше претстава кого ќе сретне тој ден, и како Тој ќе и го промени животот. Таа стапила во брак пет пати претходно и моментално живее со некој кој не и е маж. Можеби (како што некои Библиски ученици зборат) отишла да полни вода на пладне зошто тогаш никој друг не одел да полни вода во тој период. Можеби не била прифатена како член на заедницата и поради нејзиниот избор на морални вредности била сметана за одметник. Дефинитивно, како жена самарјанка, не очекувала тој ден Исус да и прозбори - ниту пак да ја покани на пијалок. Таа си посочи сама на себе: “Ти си евреин, а јас сум жена самарјанка. Зошто ме каниш на пијалок?” Таа си го знаеше своето “место”. Но Исус знаеше што прави; тоа беше Негова голема радост - како храна кога си гладен. Тој ја познаваше неа, и знаеше што и треба и од што има потреба. Да, Тој ја покани на пијалок, иако беше изморен, што е човечки после толку пешачење на жешкото време. Но Тој и понуди жива вода, за таа никогаш повторно да не ожедни. Преку нејзиниот живот се гледаше, колку таа имаше потреба да биде исполнета нејзината празнина, и потребата за нејзиното срце да го пронајде својот дом. И тогаш, се појави Тој -- нејзиниот Месија, нејзиниот дом. Оставајки ја нејзината стомна со вода покрај бунарот, стомната која ја гасеше нејзината жед, веднаш истрча назад во селото за да им каже на селаните за човекот кој и кажал сѐ што таа некогаш направила, и им го поставила прашањето кое ги заинтересирало сите да дознаат дали е вистина. “Можно ли е Тој да е Месијата?” (стих. 29) Многу самарјани поверуваа во Исус поради тоа што таа го кажала (стихови. 39-42). Кога Исус и покажа дека знае што направила, и ѝ понуди живот во кој таа никогаш нема да биде повторно жедна, комплетно и го промени животот. И беше простено, се почувствува помилувано, и ѝ беше поклонета нова шанса за живот. Врз неа беа излеани Добри милостиви Вести и истрча да им каже на сите, да се пофали со новиот живот кој го прими, па многу други го пронајдоа својот добар живот после тоа. Нејзиниот нов почеток им даде нов почеток на други луѓе. Ова беше изворот на Христовата радост. Прашања за размислување: 1. Некој може да каже дека стомната на жената ги претставувале нејзините обиди да го исполни своето срце со љубовта од некои мажи. Но тоа никогаш не успеало да ги задоволи длабоките потреби на нејзиното срце. А ти? Ти со што ја полниш твојата стомна? Колку тоа нешто го задоволува твоето срце? 2. Исус и понуди на самарјанката она што вистински ќе го задоволи нејзиното срце: Самиот себе. Тој ги знаеше нејзините гревови и ѝ го понуди она што вистински ќе и даде живот. Исус ти го нуди истото и на тебе. Тој те познава тебе и твојот живот кој не те задоволува, поради тоа ти се нуди самиот себе - живата вода. Дали би сакал да го примиш овој подарок од Жива Вода и да искусиш нови почетоци во твојот живот?

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми за нов почеток. Немој да застанеш тука! Продолжи да го читаш овој план! Уживај!

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/