Одвојување време за одморПримерок
Наполни се за да се Истрошиш.
Да бидеш исполнет со духот значи — целата моја природа да биде принесена на Неговата моќ. Кога душата е дадена на Светиот Дух, Бог ќе ја исполни. — Ендру Мурај.
Причината зошто ни треба одмор е дека сме работеле или трошеле енергија на некој начин. И не значи, ако учиме да одмораме и сме одморени, дека така и ќе останеме.
Ние ќе работиме повторно.
Ние ќе помагаме на други повторно.
Ние ќе бидеме емоционално истрошени повторно.
Не е поентата само да се одмораме само колку да се одмориме. Се одмораме за да може повторно да работиме. Има прекрасен одлив и тек на работата и одморот; на исполнување за да можеме да се истрошиме.
Како што дискутиравме, медитацијата во Божјиот збор, водење дневник, и исклучување од нештата кои ни го одвлекуваат вниманието се практики кои не исполнуваат одново. Го пронаоѓаме одморот кога го правиме ова секојдневно. Исто како што нашите тела имаат изобилна потреба од часови за опоравување, така имаат и нашите души. Не може да очекуваме силни, енергични души без да инвестираме во нив. Неможе да мислиме дека одмор од една недела ќе ни трае многу месеци. Мора да вложуваме одмор на дневна основа за да издржиме. И мора да обрнеме внимание кога премногу се трошиме.
Во оваа книга, Водејки на празно: Полнење на Твојот Резервоар и Твојата Пасија, автор и пастор Вејн Кордеиро зборува за сонот кој го имал. Некоја жена му пришла на некој фармер во неговата фарма и побарала нешто кое тој го немал. Тој и кажал,"Дојди утре, ќе има." Таа била вознемирена но не го малтретирала. Тој продолжил да работи. Луѓе доаѓале на неговата фарма секој ден и кога ќе снемало јајца или млеко, тој само ќе одговорел, "Дојди утре, ќе има." Пастор Кордеиро ја споделил неговата новооткриена визија што ја добил после сонот.:
Неморам да се обврзам во некој замислен, неуморен циклус за да произведам повеќе, постигнам повеќе, направам повеќе или да ги надминам бројките од минатата недела. Имам само толку време во денот, и сакам да направам тоа што можам со целото мое срце. Кога ќе заврши времето, тогаш ќе кажам, "Дојди утре повторно, и ќе имам повеќе.”
Секој ден се будиме со одредена количина ментална, емоционална, и физичка енергија. Кога ќе потрошиме се што имаме да дадеме, мора да одмориме. Кога сме во таква празна состојба, можеме малку да понудиме за начинот на кој што Тој сака да работи во нашите животи.
Наслонете се, бидете мирни, и одморете. Ова е најпригодното и соодветно време да се биде исполнет со Божјиот Дух.
Одраз
- Дали чувствуваш дека треба да ја исполниш секоја потреба која ќе ја видиш?
- Што можеш да вклучиш во твојот ден за да се чувствуваш исполнет?
- Запиши го секое откровение кое Бог ти го открива преку читање на Библијата или посветата.
Свето Писмо
Опис за овој план
Воркохолизмот и постојаната зафатеност се често поздравувани во нашиот свет, и може да биде предизвикувачки да се одмориме. Со цел да ги извршиме ефективно нашите улоги и планови, ние мора да научиме како да се одмора во спротивно ќе нема со што да придонесеме за оние кои ги љубиме и за целите кои ги имаме поставено пред нас. Да ги поминеме следните пет дена учејки за одморот и како да го употребиме нашето знаење во нашите животи.
More