Одвојување време за одморПримерок
Медитирај на Божјото Слово
Колку повеќе ја читаш Библијата и се медитираш, толку повеќе размислуваш за неа и се вчудоневидуваш. - Чарлс Спаргеон
Многу Христови следбеници не разбираат што значи медитација. Кога медитираме за нешто, едноставно ги насочуваме мислите. За да разбереме што значи да медитираме на Божјото Слово, да го прочитаме објаснувањето на пасторот Рик Ворен. Тој вели, Изненадувачки, ако знаеш да се грижиш, веќе знаеш да медитираш на Божјото Слово. Грижа е кога размислуваш за негативна мисла одново и одново. Кога ќе земеш пасус од Писмото и размислуваш одново и одново за него, тоа се нарекува медитација.
Библијата ја споменува медитацијата над дваесет пати и нè повикува да медитираме на Божјото Слово. Ова е корисна практика за примена во нашето секојдневно време со Бог затоа што ни обезбедува ментален и емоционален одмор, како и духовен раст.
Додека секојдневно поминуваме време читајќи ја Библијата, можеме да погледнеме длабоко во пасусите и да започнеме разговор со Бог. За да разбереме како да медитираме на стих или два, да погледнеме во Ефесјаните 4: 31-32, што вели: "Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба. Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа."
Да ја прочитаме повторно и да Го прашаме Бог:
Дали имам горчина?
Дали сум лута личност?
Дали моите зборови се груби?
Дали е моето срце нежно?
Дали им простувам на другите слободно?
Потоа го слушаме и чекаме силниот, но нежен Божји глас. Ретко ќе се чуе, но ќе знаеме што ни кажува. Можеме да дозволиме овие библиски медитации да одат со нас дневно и да нè направат свесни за каква било горчина, лутина, острина, или тврдоглавост што се обидуваат да ни ги одземат мислите.
Ова е медитација на Божјото Слово.
Вистините на Светото Писмо тонат длабоко во нашите души кога размислуваме за Божјото Слово. Медитацијата ни дава ново ниво на одмор затоа што ја употребуваме нашата ментална енергија мислејќи на Божјото Слово, а не тонејќи го нашиот ум во грижите на светот. Не можеме да сториме ништо друго освен да станеме сè што сака Бог да бидеме кога ќе вложиме ваков напор.
Размисли
- Избери писмо од денешното читање, или некое друго по твој избор, и медитирај на него. Додека го читаш, замоли го Бог да ти покаже каде Го почитуваш и каде треба да направиш промени за духовен раст. Дозволи ова ново откритие да ги продре твоите мисли во текот на денот.
- Запиши го секое откровение низ кое Бог ти зборува преку денешното читање на Библијата или посветата.
Опис за овој план
Воркохолизмот и постојаната зафатеност се често поздравувани во нашиот свет, и може да биде предизвикувачки да се одмориме. Со цел да ги извршиме ефективно нашите улоги и планови, ние мора да научиме како да се одмора во спротивно ќе нема со што да придонесеме за оние кои ги љубиме и за целите кои ги имаме поставено пред нас. Да ги поминеме следните пет дена учејки за одморот и како да го употребиме нашето знаење во нашите животи.
More