Банкини: Одбегнување на разочарувањата во живототПримерок
Ако помислиш за финансиски банкини, можеби ќе мислиш на тоа да останеш надвор од долгови. Добро е да бидеш без финансиски долгови, но според Исус, може да имаш нула долг и многу пари во банка а сепак да бидеш во финансиска дупка. Интригирачки, нели? Продолжи да читаш.
Во денешните стихови од Матеј, Исус вели дека сите ние сме под власт (или во сопственост) од некој или нешто. Тој ни дава две неочекувани опции: Бог или пари. Повеќето од нас очекуваат Тој да рече дека можеме да служиме на Бог или на Сатаната. Но, Исус рече дека неговиот главен конкурент се парите.
Во суштина, тој го постави прашањето: Дали ти ги поседуваш парите или парите те поседуваат тебе?
Без финансиски банкини, повеќето од нас ќе завршат во една од двете дупки. Или ќе пропаднеме во амбисот поради трошење или ќе се срушиме од штедење. Едното е неконтролирана желба да се живее по принципот: купи, надгради, повтори. Другото е неконтролиран страв: Што ако немам доволно? Што ако тоа ми се случи мене?
Во двата случаи, парите се наш господар. Трчаме по нив за да можеме да ги конзумираме сега. Или ги бараме за да можеме да заштедиме и да ги консумираме подоцна.
Потребна ни е финансиска банкина што го прави Господ да биде нашиот господар. И тоа е токму она што го наоѓаме во Матеј 6:33, најавено на крајот на долгиот разговор за тоа како треба да ги гледаме и да ги користиме нашите пари. Само пет зборови: „најнапред побарај го Неговото царство“.
Божјото царство е царство во кое предност имаат другите. Или, користејќи ги истите зборови од вчера: во Божјото царство, најдоброто што може да се направи е она што е најдобро за другите луѓе. Банкината што ќе нè држи надвор од провалиите на трошење и заштеда, е да ги ставиме другите на прво место во нашите финансии.
Најпрво дај им на другите. Потоа, заштеди за својата иднина. На крај, живеј од остатокот.
Прво давај. Второ штеди. Живеј со останатото.
И, тука се добрите вести за оваа банкина: може да биде автоматска. Откако ќе пронајдеш некоја организација или причина, цел која ти е важна и ќе поставиш систем на донирање, оваа банкина ќе ги одржува финансиите на добар пат без никаков дополнителен напор или размислување.
Свето Писмо
Опис за овој план
На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Што ако постоеја банкини во нашите врски, финансии и кариера? Како би изгледале тие? Како би можеле тие да нè спречат од нашите идни разочарувања? Во следните пет дена, ќе видиме како да си поставиме сопствени банкини во животот.
More