Банкини: Одбегнување на разочарувањата во живототПримерок
Никој не планира да си го уништи животот, ниту пак планира да си го уништи автомобилот. Кога сме на пат, постојат банкини што нѐ штитат од опасни и незаштитени подрачја. Што ако имавме банкини што ќе го правеа истото во нашите животи?
Некои од најголемите разочарувања ќе можеа да се избегнат или барем да се минимизираат ако имавме сопствени банкини за нашите пари, врски, морал и емоции.
Личните банкини се стандард на однесување кој станува прашање на совеста. Тие се правила што себеси си ги поставуваме и кои ни ја осветлуваат совеста кога ќе се судриме во нив. И, исто како банкините за автопатиштата, тие се поставени таму каде што сè уште е безбедно. Долго пред да ја започнеш кариерата, личната банкина треба да ти каже дека тргнуваш кон неволја. Уште пред да ги кажеш зборовите што не можеш да ги вратиш назад, личната банкина треба да те предупреди за внимателно да ги разгледаш твоите зборови.
Апостол Павле ни дава корисни совети кога ќе почнеме да поставуваме свои сопствени банкини: „Бидете претпазливи тогаш како живеете - не како немудри, туку како мудри.“
Апостол Павле знаеше (а можеби и ти имаш искусено) дека може да се заврши во неред и без да се прекрши некој закон. Можеш да ги уништиш финансиите и без да трошиш неразумно. Можеш да уништиш врска и без да направиш нешто грешно.
Банкините не се наменети за да те одржат на безбедната страна на праведноста наспроти погрешната. Тие имаат намена да те држат на страната на мудроста.
Значи, еве го прашањето што ќе го примениме за нашите пари, врски, морал и емоции, во текот на следните неколку дена: во светлината на моето минато искуство, моите тековни околности и моите идни надежи и соништа, што е мудро да се направи?
Во твојот брак. . . во твојата кариера. . . кога станува збор за тоа каде треба да живееш или како да го поминуваш своето време. . . што е мудро да се направи?
Како тоа прашање би го сменил твојот избор или пак ситуацијата од минатото за која најмногу жалиш? Каде може да ти помогне денес? Ако живееш премногу блиску до работ, можеби е време да поставиш банкина.
Свето Писмо
Опис за овој план
На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Што ако постоеја банкини во нашите врски, финансии и кариера? Како би изгледале тие? Како би можеле тие да нè спречат од нашите идни разочарувања? Во следните пет дена, ќе видиме како да си поставиме сопствени банкини во животот.
More