Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Не си напуштен: Да се најде слобода како синови и ќерки на Совршен ТаткоПримерок

Not Forsaken: Finding Freedom as Sons & Daughters of a Perfect Father

2 ДЕН ОД 5

Ден 2:

За што размислуваш, кога мислиш на Бог?

Теологот А. В. Тозер рекол дека нашиот одговор на ова прашање е најважното нешто за нас самите. Тогаш, што размислуваш кога мислиш на Бог?

Некои од нас мислат дека Бог е таму некаде, но не е премногу вклучен во нашите животи. Тој ја создаде земјата и ја нави, а потоа седна да ја види како си работи самостојно.

Некои други мислат дека Бог во основа е некој добар тип, којшто сака и ние да сме добри и да имаме добри животи, ама е малку тежок на слух, на допир и преслаб за да направи нешто позначајно.

А други пак мислат дека Бог е некој немилосрден диктатор, космички убиец кој постои само за да ни каже што не можеме да направиме.

Овие, и многу други слики за Бог се многу чести, но погрешни. Бог не е некој космички убиец, твојот „тежок на слушање“ дедо, или далечна небулозна сила. Тој е твојот Татко. Преку Светото Писмо, Бог се поврзува со нас, примарно како Татко. Самиот Исус, во четирите евангелија за Матеј, Марко, Лука и Јован - го нарекува Бог Татко 189 пати. Важно е да го видиме и да се поврземе со Бог на овој начин.

Но, тоа го повлекува следното прашање. Што мислиш, кога размислуваш за Таткото?

Нашите искуства, добри или лоши со нашите земни татковци, многу влијаат во обликувањето на нашиот одговор на ова прашање. Заради ова, „Таткото “ може да нема подобра слика од таа на „космички убиец“ или “тежок на слушање дедо“ или „далечна небулозна сила.“ Но, без разлика на нашите искуства со земните татковци, сите ја имаме искусено потребата за совршен татко.

Размислувај за оваа потреба. Како отсекогаш си го замислувал/а твојот татко да биде?

Еве ги неверојатните и најослободувачките вести за вас и мене денес: Бог е совршениот Татко. Тој не е само поголема верзија на твојот земен татко, Тој е совршен Татко. Тој е одговорот на секој копнеж за прифаќање, одобрување, поддршка и љубов на таткото што некогаш си го искусил/а.

Тоа значи дека секој од нас - без разлика колку прекрасен, отсутен, насилен или далечен нашиот земен татко бил или е - има можност да живее како возљубен син и ќерка на совршениот Татко. Гледањето го Бога на овој начин, има моќ да ги трансформира нашите односи со Него и со нашите земни татковци.

Опис за овој план

Not Forsaken: Finding Freedom as Sons & Daughters of a Perfect Father

Louie Giglio, Пасторот и Основачот на Passion Movement, го споделува овој 5-дневен план за да го разберете карактерот на Бог на начин на кој ќе ви се смени животот - како совршен Татко, кој сака да чекорите во слобода како Негови сакани синови и ќерки.

More

Благодарни сме на LifeChurch.tv за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://notforsakenbook.com/