Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Не си напуштен: Да се најде слобода како синови и ќерки на Совршен ТаткоПримерок

Not Forsaken: Finding Freedom as Sons & Daughters of a Perfect Father

1 ДЕН ОД 5

Ден 1:

“Тато, гледај ме!”

Многу е веројатно дека сте ја кажале оваа, или слична фраза, кога сте биле дете. Тоа е универзален јазик на децата, израз на нашиот внатрешен копнеж да бидеме видени, одобрени и прифатени од нашите татковци. Дали кога сме правеле салто на даската за сурфање, или кога сме давале кошови пред гаража во двор или сме ги донеле сите петки од школо, сме копнееле да го слушнеме ова:„ Те сакам и горд сум на тебе“

Др. Пеги Дрекслер пишуваше за овој копнеж во студија за Психологија Денес на 75 жени со високи достигнувања. „Без разлика на успешноста на нивните кариери, без разлика колку се среќни нивните бракови, или колку се исполнети нивните животи, жените ми кажаа дека нивната среќа поминува низ филтерот на реакциите на нивните татковци.... Дури и жените чии татковци биле занемарувачки или насилнички, имаа потреба за одобрување. “

Во книгата Man Enough, Др. Френк Питман ја опишува истата потреба за одобрување и кај мажите: „ Животот за повеќето момчиња и за многу возрасни мажи е фрустрирачка потрага по изгубениот татко кој сè уште не понудил заштита, обезбедување, негување, пример или, особено, помазание “.

Зборот „помазан“ се однесува на тоа да бидеш избран, благословен...одобрен. Тоа покажува за нешто суштинско во нас што нè тера сите да копнееме за одобрување и восхит од таткото.

Можеби тој благослов веќе е во нашите животи. Ако е тоа така, најди момент да му кажеш на татко ти колку си благодарен за него! Ако не е така, не си сам. Според Бирото за попис во САД, повеќе од едно на четири деца денеска, живеат без татко. Во многу случаи, „восхитот“, „одобрувањето“ или „потврдувањето“ би биле последните зборови кои би ги избрале да се опише таткото. Зборовите кои би ни поминувале низ мозокот би биле:

Отсутен.

Лут.

Насилен.

Далечен.

Не е ни чудо што оваа генерација е етикетирана како „без татко“.

Но има една добра вест за сите нас денеска. Без разлика на карактерот на твојот земен татко и без разлика на односот што си го имал со него, постои совршен Татко кој сака да има соврешен однос со тебе. Веќе ја имате неговата наклонетост. Веќе ја имате Неговата љубов. Тој чека да го излие својот благослов врз вас. Тој е сè што некогаш сте посакувале вашиот земен татко да биде и повеќе од тоа.

Во следните 5 дена, ќе видиме како можеме да најдеме слобода како Негови возљубени синови и ќерки.

Опис за овој план

Not Forsaken: Finding Freedom as Sons & Daughters of a Perfect Father

Louie Giglio, Пасторот и Основачот на Passion Movement, го споделува овој 5-дневен план за да го разберете карактерот на Бог на начин на кој ќе ви се смени животот - како совршен Татко, кој сака да чекорите во слобода како Негови сакани синови и ќерки.

More

Благодарни сме на LifeChurch.tv за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://notforsakenbook.com/