Драга Зависност...Примерок
4 ден: дното
Кога ќе ни се повлече прагот под нозете на нашата зависност, кога нештата ќе престанат да претставуваат забава и ќе постанат начин за да се справиме и преживееме, знаеме дека сме близу до дното. Кога очајот и безнадежноста ќе не опкружат, сме при крај.
Дното е различно за секој еден од нас кој е опфатен од оваа болест, но за да можеме да се подигнеме на нозе и оздравиме, мора да се предадеме на фактот дека ние немаме контрола над ситуацијата. Дека нема да станеме подобри со носење на ги истите одлуки кои сме ги носеле. Единствениот начин како да излеземе на површината е да почнеме да гледаме нагоре.
Бог ни ветува дека ќе не најде на дното, во моментите кога работите ни изгледаат безнадежни, кога ни изгледа дека нема никогаш да успееме да се извадиме од јамата на зависност, тој е таму. Закрепнувањето не е лесна работа, но е единствената работа што можеме да ја направиме за да не завршиме во затвор, по некакви институции или мртви. Ние имаме слободна волја—Бог никогаш нема да не натера да го избереме Него на сила, но доколку го сториме тоа, тој ни ветува дека нема да нѐ напушти, ниту пак да нѐ заборави.
Допирајки го дното можеби те остави без здив и најверојатно сеуште те боли, но дното е темелот на кој можеш да започнеш да го градиш твојот нов живот доколку за ова побараш помош од Бог. Дното е местото каде што крајот станува нов почеток. Бог вели дека ќе се пазари со нас: да му ја дадеме пепелта од нашиот изгорен живот, за тој да ни ја даде круната на убавината. Наместо жалење и очај, тој ни дарува радост и пофалби.
Опис за овој план
"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвета да ти послужи како утеха и да те инспирира во процесот на опоравување!
More