Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Драга Зависност...Примерок

Dear Addiction...

2 ДЕН ОД 5

  

 

2 ден: старите добри времиња

Си поминавме убаво, нели?

Повеќето од нас, веќе опоравени зависници, имаме малку убави животни спомени од минатото на кои може да се присетиме додека сме биле зависници. Истото може да се каже за секој период од животот—секако дека ќе се најде и по некој добар спомен од било кој период. 

Но ако се потсетуваме на тие спомени, на тие стари добри времиња и на тоа чувство при првото внесување на дрогата во нашето тело, може само да се закочиме во нашиот личен развој. Павле кажа во 1 Коринтјаните 13:11, Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.

За нас никогаш не била замислата да се заглавиме засекогаш во една животна состојба. За оние кои се на рехабилитација е важно да ги следиме правилата на работата во чекори, да се насочиме кон чесна обнова на нашиот неуреден живот и да го одржиме нашиот фокус на закрепнувањето. Да го одржиме нашето размислување подалеку од нашето минато сѐ до соодветниот момент и соодветното место, поради тоа што, од критична важност е да живееме во сегашноста, посебно во раните мигови од нашето закрепнување. 

Запамти дека секогаш можеме да му веруваме на нашиот Бог иако иднината ни е непозната. Тој во Еремија 29:11 ни кажува, ’Зошто само јас ги знам замислите што сум ги смислил за вас’ вели Господ, ‘замисли за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж’ Ова не само што е добар збор или некое позитивно охрабрување—ова е изјава дадена од самиот Создател. 

“Само уште денес” е тема која се повторува во нашиот процес при закрепнување. Доколку со едната нога стоиш во минатото, а со другата во иднината, нема да можеш да инвестираш во сегашноста. Денес е денот кој Господ го создал за нас, па можеби ќе го употребиш за да си создадеш спомени во животот, кои сите ние се обидуваме да ги создадеме!

   

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Dear Addiction...

"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвета да ти послужи како утеха и да те инспирира во процесот на опоравување!

More

Би сакале да се заблагодариме на Џорџ и Мередит Шафер, ко-основачите на Сторм Инк. што ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.storminc.org