Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Надежта од БожиќПримерок

The Hope Of Christmas

8 ДЕН ОД 10

Одбери го подобриот живот

Прочитај ги денешните стихови.

Кога бев дете мајка ми ми даваше шпагети. Мислев дека тоа е најдобрата храна на светот! Потоа ги открив бургерите. Со тоа преминав од добриот живот кон подобриот живот. Шпагетите беа добри, но сочните бургери беа многу подобри.

Можеби си мислиш дека имаш добар живот сега, но ако би можел да имаш уште подобар живот, дали би сакал да дознаеш за тоа?

За жал, она што нè спречува да го зграпчиме тој подобар живот е едно ирационално чувство на само-доволност. Си мислиме дека сме си добри со свои напори.

Псалм 10:4 го објаснува тоа вака: „Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“

Исто како гостилничарот во првата Божиќна приказна (Лука 2) ние не веруваме дека ни требаат повеќе гости. Мислиме дека имаме сè што ни треба.

Постои еден проблем со ароганцијата: Ја промашува самата причина зошто Бог нè создал. Бог те создаде за да можеш да имаш една врска со Него. Никогаш нема да ја оствариш Неговата цел за твојот живот, цел која е поголема и поважна отколку што можеш да замислиш, доколку не си поврзан со Бог, твојот вистински извор на енергија.

Но радосната вест е дека не премногу доцна. Можеш да имаш врска со Него без разлика што се случило во твоето минато, без разлика колку пати претходно си Го отфрлил.

Бог направи да биде тоа многу едноставно за да може секој да разбере. Тоа се само три збора: Покани Го внатре.

Исус рече: „Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.“ (Откровение 3:20)

Исус тропа на твојата врата. Зграпчи го подобриот живот така што ќе Го пуштиш да влезе во твојот живот. Направи го господар на твојот живот.

Тоа сè ќе промени.
Ден 7Ден 9

Опис за овој план

The Hope Of Christmas

За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слави Божиќ и зошто тоа не треба само да го промени начинот на кој ги славиш празниците, туку и остатокот од твојот живот.

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.