Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Адамант со Лиза БевереПримерок

Adamant With Lisa Bevere

5 ДЕН ОД 6

Црквата честопати била склона во брзањето да ги осудува неверниците за своите гревови и однесување, но не треба да биде изненадување кога оние што не Го знаат Бог се однесуваат како да не Го знаат Бог. Пред сè, најважното нешто за кое треба да се грижиме е дали живееме свет и обновен живот. Следејќи го Господ, може да ја побараме мудроста со која ќе ја покажеме Неговата благодат кон светот, повикувајќи ги луѓето да ја најдат својата трансформација во Него.

Како деца Божји, ние сме одново родени во Христос за да бидеме цврсти како дијаманти, но сепак нежни како цвет.

Живееме во свет кој го исполнува она што го напишал Павле во Римјаните 1. Толку многу од нас го имаат напуштено знаењето и присуството на Бог што веќе не сме во состојба да ги препознаеме Неговите основни намери за човештвото.

Но запрашај се, дали жалењето над денешните зла сменило нешто? За жал, подобро сме познати по она за што сме против отколку она за што се залагаме. Светоста и промената што ја бараме во нашата култура нема да произлезе од нашето пресудување и осудување, туку ако најпрвин се справиме со сопствените ситуации, а потоа ги објавиме Божјата љубезност, милост и надеж на оние кои имаат треба од нив.

Божјата благодат е секогаш повик да се вратиме на вистината, а не е одобрување на грев. Токму затоа ни е потребна мудрост. Понекогаш, не сакајќи да ги посрамиме луѓето, се однесуваме како да е љубезно да се каже за одреден грев дека не е грев. Сепак, ние треба да бидеме подготвени да го наречеме гревот со неговото вистинско име, но на начин што нуди надеж наместо осуда.

Светоста во нашата култура започнува со тоа што ќе се предадеме себе си на Бог. Околу нас има генерација која е во очајна потрага по промена и чека да ја види во нас.

Бог вели дека ќе ја излечи земјата кога неговиот народ ќе се покори и ќе го побара, а не кога сè е совршено во државната власт. Што значи ова за тебе?

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Adamant With Lisa Bevere

Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.

More

Благодарни сме на Џон и Лиза Бевере за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://iamadamant.com