Адамант со Лиза БевереПримерок
Никој не расте недопрен од темнината. До одреден степен, сите слушаме гласови околу нас кои нѐ осудуваат и етикетираат. Повеќето од нас, ако не и сите, се етикетираме себеси со лажни идентитети за кои би се заколнале дека се вистинити.
Кога Бог се приближува кон нас, Тој не осудува, туку интимно нè собира до Самиот себе за да можеме да го чуеме Неговиот глас како ја објавува вистината за тоа кои навистина сме.
А вистината гласи: ние не сме темнината од нашето минато. Ние дури и не сме дефинирани од своите грешки, пол или некоја надворешна работа, но ние сме духови создадени според ликот на Бог, обликувани за интимен однос со Оној што ни даде здив.
Ние го губиме од видик нашиот вистински идентитет кога го поврзуваме со погрешни работи. Затоа Бог ќе ги отстрани етикетите што нè ограничуваат, што ги собравме по патот. Неговиот Дух работи длабоко во нас, отстранувајќи го старото и откривајќи го она што допрва треба да излезе на виделина.
Можеби стравот и несигурноста те натерале да го отфрлиш Божјото дејствување во твојот живот. Но, денес Бог зборува на оние места за кои ти мислеше дека се пусти и ти нуди да ги претвори повторно во градина.
Но, треба да му дозволиме на Бог да ја одвои светлината од темнината во нашите животи. Бог нема да дозволи да останат лагите што се кажани за тебе. Тој нема да дозволи работите што си ги имаш кажано за себеси, да го имаат последниот збор. Наместо тоа, Тој ќе ти пристапи за да открие нешто ново во тебе, нешто што носи целосно заздравување на секоја област од твојата болка, ослободувајќи те да живееш во вистината во која Тој вели дека ти си.
Бог е постојано интимен. Тој ќе стигне до суштината на твојата болка и ќе ја излечи, но треба да му дозволиш. Како би можело да изгледа ова во твојот живот?
Свето Писмо
Опис за овој план
Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.
More