Освалд Чемберс: Радост - Силата во ГосподПримерок
Сите степени на радост престојуваат во срцето. Како може еден христијанин да биде исполнет со радост (доколку радоста зависи од нештата што му се случуваат) кога тој живее во свет каде ѓаволот дава сè од себе да ги заведе луѓето подалеку од Бог, каде луѓето се физички измачувани, каде некои се злоставувани и не добиваат никаква шанса? Би било резултат на најмизерната себичност да се биде среќен под такви околности. Но радосното срце никогаш не претставува навреда и радоста никогаш не е допрена од надворешни околности.
Библијата изобилно зборува за радост, но никаде не зборува за „среќен“ христијанин. Среќата зависи од она што ни се случува, а радоста не. Запомни, Исус Христос имаше радост и се молеше: „за да ја имаат Мојата радост полна во себе.“
Прашања за размислување: Кој е соодносот на радоста спрема среќата во мојот живот? Колку често дозволувам околностите да го одредат моето расположение? Колку често сум радосен?
Цитатите се превземени од: Biblical Psychology, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.
More
We would like to thank Discovery House Publishers for providing this plan. For more information, please visit: www.utmost.org