Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Радост - Силата во ГосподПримерок

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

9 ДЕН ОД 30

Библијата е преполна со поттикнување да се радуваме, да го славиме Бог, да пееме гласно од радост, но само доколку некој има причина да се радува, да слави и да пее гласно, само тогаш овие нешта можат да се прават од срце. Во физичкиот свет обичниот болен човек не го гледа животот во убаво светло, а оние кои се болни во душата вистинската светлина и радост се чинат невозможни. Сè додека не се исцели душата секогаш ќе постои еден прикриен страв кој го краде задоволството и неискажливата радост која Бог ја посакува за сите Негови деца.

Само кога Бог ќе го земе човекот во Свои раце може да дојде ослободување од обесхрабрувањата. Живеењето во мир и радост поради Божјата прошка и благонаклонетост е единственото нешто што ќе донесе радост.

Прашања за размислување: Кои се моите причини за радување? Од кои болести - физички или духовни - сум бил исцелен? Од кое разочарување сум бил спасен? Од кој страв сум бил ослободен?

Цитатите се превземени од: Workmen of God, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 8Ден 10

Опис за овој план

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.

More

We would like to thank Discovery House Publishers for providing this plan. For more information, please visit: www.utmost.org