Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 6:14-23

Римјаните 6:14-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако! Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послуш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност? Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте. И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста. Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост. Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ни­от крај е смртта. Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен. Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот ве­чен во Христос Исус, нашиот Господ.

Римјаните 6:14-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш гревот не ќе може да владее со вас, затоа што вие веќе не сте му потчинети на Законот, кој би ве подјармил под гревот, туку сте под Божјата благонаклоност, која ве ослободи од Законот. Што значи тоа? Смееме ли ние да продолжиме да грешиме, заради тоа што Божјата благонаклоност не ослободи од потчинетоста под Законот? Никако! Зар не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се потчините и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се здобиете со праведност. Благодарение на Бог, вие што му бевте робови на гревот, од се срце го прифативте новото учење што Бог ви го даде, и му станавте послушни. Сега, ослободени од вашиот поранешен господар, гревот, вие и станавте робови на праведноста. Ви зборувам вака преку примери со робови и господари, бидејќи вие се уште имате слабост спрема своите тела. Вие порано ги предававте вашите тела да им робуваат на гнасотии и разврат. Сега предајте и се целосно и станете и робови на праведноста, за да станете свети. Кога му бевте робови на гревот, вие не водевте сметка дали тоа што го правите е праведно. Каков беше исходот од тоа што го правевте? Сега се срамите од тие постапки, кои ве водеа во сигурна смрт! Но откако бевте ослободени од власта на гревот и Му станавте робови на Бог, вашите постапки сега ве водат кон свето живеење, а крајниот исход за вас ќе биде добивање на вечен живот. Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.

Римјаните 6:14-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде! Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност? Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сѐ срце на примерот на науката, на која ѝ бевте предадени па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата. Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да ѝ служат на правдата, за осветување! Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата. А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?! Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај, зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.