Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 6:14-23

Римјаните 6:14-23 MK2006

Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако! Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послуш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност? Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте. И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста. Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост. Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ни­от крај е смртта. Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен. Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот ве­чен во Христос Исус, нашиот Господ.