Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 6:14-23

РИМЈАНИТЕ 6:14-23 MKB

Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде! Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност? Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сѐ срце на примерот на науката, на која ѝ бевте предадени па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата. Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да ѝ служат на правдата, за осветување! Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата. А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?! Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај, зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.