Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4:16-21

Римјаните 4:16-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздра­вено не само по Законот, туку и по ве­ра­та за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас, според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува. Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според рече­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“ И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна; и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога, наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

Римјаните 4:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Токму затоа Божјото ветување е засновано на вера. Тоа е незаработен подарок од Бог и им се гарантира на сите што имаат вера каква што имаше Авраам, без оглед на тоа дали се придржуваат кон ритуалните обичаи содржани во Законот или не. Токму затоа Авраам е прататко на сите што Му веруваат на Бог. На тоа се мисли во Светото Писмо кога Бог му рече на Авраам: „Те направив татко на многу народи.“ Авраам Му поверува на Бог, на Оној што мртви оживува и со збор го создава тоа што дотогаш не постоело. Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“ На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.

Римјаните 4:16-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас, како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи“ - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие. Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.“ И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба; не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога, наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил.