Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 4:16-21

РИМЈАНИТЕ 4:16-21 MKB

Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас, како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи“ - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие. Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.“ И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба; не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога, наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со РИМЈАНИТЕ 4:16-21