Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4

4
Примерот на Авраам
1 # Ис 51,1-2 А што би можеле да кажеме дека добил нашиот прататко по тело Авраам? 2#2,17Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога. 3#4,9; 1 Мојс 15,6; Гал 3,6-9; Јк 2,20-24Впрочем што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“ 4#11,6; Мт 20,1-16; Лк 17,7-10На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг. 5#Гал 2,16Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност. 6Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за пра­ведност независно од делата, велејќи: 7#Пс 32,1-2„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени; 8блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“ 9#1 Мојс 15,6А дали ова блаженство се однесува са­мо за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност. 10Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обре­занието, туку пред обрезанието. 11#1 Мојс 17,9-14; Гал 3,7-9И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност, 12и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
Божјото ветување се остварува преку верата
13 # 1 Мојс 18,18; 22,15-18; Гал 3,15-16 Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата. 14#Гал 3,18Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, то­гаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено; 15#3,20; 7,7-13; Гал 3,10.19-22зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап. 16Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздра­вено не само по Законот, туку и по ве­ра­та за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас, 17#1 Мојс 17,5; 5 Мојс 32,39; Јн 15,21; Евр 11,19според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува. 18#1 Мојс 15,5; 17,5Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според рече­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“ 19#1 Мојс 17,17И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна; 20и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога, 21#Ер 32,17-24; Лк 1,37наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил. 22#4,3; 1 Мојс 15,6Затоа тоа му се сметаше за праведност. 23#10,9; 15,4Но, не само за него е напишано де­ка му се сметаше, 24туку и за нас: ќе ни се смета, ако ве­руваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ, 25#8,32; Ис 53,4-6; 1 Кор 15,17предаден за нашите гревови и вос­креснат за наше оправдание.

Селектирано:

Римјаните 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се