Откровение 22:1-2
Откровение 22:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа ангелот ми ја покажа животодавната река, која беше блескаво-бистра како кристал. Таа извираше од престолот на Бог и на Јагнето и го продолжуваше својот тек по централната улица во градот. На обете страни од реката, по должината на целиот нејзин тек, има насадено дрвја кои раѓаат плодови секој месец - дванаесет пати во годината. Плодовите се животодавни, а лисјата од дрвјата служат за исцелување на народите.
Откровение 22:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето. Сред главната улица и од двете страни на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.
Откровение 22:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето. Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.