Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 22

22
1И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето. 2Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите. 3И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат, 4и ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела. 5Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.
Последни предупредувања и ветувања
6И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро. 7И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! 8И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ 10И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! 11Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!“ 13Јас Сум Алфа и Омега, 12И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот. 14Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! 15Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.“
16“Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!“
17Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој слуша нека рече: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!
18Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга. 19А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.
20Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!“ - Амин! Да дојди! Господи Исусе!
21Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин!

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 22: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност