Откровение 12:7-9
Откровение 12:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени.
Откровение 12:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.
Откровение 12:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа, но не устоија и не им се најде веќе место во небото. И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него.