Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 12

12
Жената облечена во сонце и змевот
1 # 1 Мојс 37,9; Пс 104,2; Песна 6,10 И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди. 2#Ис 66,7-8; Мих 4,10Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди. 3#Дан 7,7Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни; 4#Дан 8,10опашката негова повлече една тре­тина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино. 5#2,27; 19,15; Пс 2,9И таа роди машко дете, кое ќе ги па­се сите народи со железен жезол; и де­тето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол. 6#11,2; 12,14А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена. 7#Дан 10,13; 12,1; Јуда 1,9И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; 8но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. 9#20,2; Лк 10,18; Јн 12,31И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше со­бо­рена на земјата, и заедно со неа и анге­лите нејзини беа исфрлени. 10#11,15; Јов 1,9-11; 2,4-5И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе. 11#1 Јн 2,14Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт. 12#18,20; Ис 44,23; 49,13; Пс 96,11Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои живе­ете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“ 13А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете. 14#2 Мојс 19,4; 5 Мојс 32,11; Ис 40,31; Дан 7,25; 12,7И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата. 15И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја од­влече со реката. 16Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја. 17#11,7; 13,7; Дан 7,7.21И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Хрис­тос. 18И застана на морскиот песочен брег.

Селектирано:

Откровение 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност