Откровение 12:13-17
Откровение 12:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете. И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата. И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја одвлече со реката. Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја. И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.
Откровение 12:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Змејот виде дека е исфрлен на Земјата почна да ја прогонува жената што го роди Синот. Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години. Тогаш Змијата од својата уста испушти млаз од вода како река, обидувајќи се да ја однесе жената со водената струја. Но Земјата и притекна на помош на жената и ја голтна реката што излезе од устата на Змејот. Поради тоа, Змејот се разгневи на жената. Тој тргна во војна против останатите нејзини потомци - против оние што ги извршуваат Божјите заповеди и што Му се верни на Исусовото дело и учење.
Откровение 12:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото. На жената пак ѝ ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата. А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката. Но земјата ѝ помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.